Највкусната торта!
Потребни состојки за кора: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви, 5 лажици брашно, ½ прашок за печиво и 300 мл фанта. Потребни состојки за 1.фил: 300 г мелена плазма, 100 г чоколадо, 200 мл фанта, ½ коцка маргарин/путер (½ од 250 г) и 50 г шеќер во прав
Потребни состојки за 2.фил: 200 г мелени ореви, 100 мл млеко, ½ коцка маргарин/путер и 50 г шеќер во прав. Потребни состојки за 3.фил: 750 мл млеко, 3 пудинзи од ванила, ½ коцка маргарин/путер, 50 г шеќер од прав и 300 г шлаг
Постапка: 1.Шест белки со 6 лажици изматете со миксер да добиете цврст снег. Потоа додавајте една по една жочка и со постојано миксање. Рачно со лажица додадете 5 лажици брашно, 6 лажици мелени ореви и внимателно измешајте.
2.Добиената смеса за кора печете ја на 180 степени, околу 20 минути. Кога ќе излади натопете ја со 300 мл фанта. 3.Половина маргарин изматете пенасто со 50 г шеќер во прав, па потоа додадете 100 г стопено чоколадо, соединете, па додадете 300 г мелена плазма и 200 мл фанта. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.
4.200 г мелени ореви прелијте со 100 мл врело млеко. Кога ќе излади измешајте со ½ пенесто изматен маргарин со 50 г шеќер во прав.
5.500 мл млеко ставете на оган да зоврие, па сварете трите пудинзи разматени во 250 мл млеко. Сварениот пудинг соединете го со изматен ½ пудинг и 50 г шеќер во прав. Добиениот фил поделете го на два дела.
6.Преку натопенатата кора ставете го филот со плазма, потоа ½ од филот со пудинг, па филот од ореви и вториот дел од пудингот. На крај филувајте со шлаг.