Ако го проследите овој рецепт чекор по чекор, тогаш кнедлите за супа ќе ви изелзат соврпени. Впрочем, супата со кнедли е една од омилените, но кнедлите не им успеваат на сите, во супата се случува да се pacпаднат на парчиња или на трошки…




Во смесата никако не заборавајте да додадете масло, бидејќи тоа ќе помогне кнедлите да не се лепат, но и да останат компактни. Белката од јајце исто така, потребно е цврсто да се измати како за целувки, а дури потоа да се додаде жолчката. На овој начин кнедлите секој пат ќе излезат совршени.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4-5 рамни супени лажици гриз, 1 прстофат сол, 1 кафена лажичка масло и едно јајце.




ПОСТАПКА: Најпрво одвојте ја белката од жолчката во посебни садови. Белката изматете ја со виљушка или жица-маталка додека да стане пенаста, а потоа додајте ја жолчката и промешајте за да се изедначат. Во изматеното јајце додајте една кафена лажичка масло.




Посолете со прстофат сол и додајте четири рамни супени лажици гриз, па доколку има потреба се додава уште една лажица. Откако убаво ќе промешате, ќе забележите дали смесата е поретка отколку што треба, па дури тогаш додајте уште малку гриз. Ова најмногу зависи од величината на јајцето.




Посолете со прстофат сол и додајте четири рамни супени лажици гриз, па доколку има потреба се додава уште една лажица. Откако убаво ќе промешате, ќе забележите дали смесата е поретка отколку што треба, па дури тогаш додајте уште малку гриз. Ова најмногу зависи од величината на јајцето.




Откако убаво ќе ја соединате смесата, оставете ја да одмори 10-тина минути за да има време гризот да набубри. По изминатото време можете да ги правите кнедлите и да ги спуштате во супата или варивото (во мојот случај тоа е грашок манџа).




Најпрво потопете ја лажицата во варивото или супата, нурнете ја за да се натопи од врелата течност, па црпнете од смесата околу половина лажица или две третини, па спуштете ја во варивото. Повторно натопете ја лажицата убаво пред да црпнете од смесата.




Повторувајте ја постапката додека да ја потрошите целата смеса. Кнедлите од гриз за неколку минути ќе го зголемат двојно својот волумен. Намалете ја температурата и продолжете со готвење уште неколку минути за убаво да се сварат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Коментар на Маре Димоска: „Прекрасни се, јас наместо масло ставам една лажица путер и малку сечкан магдонос, имаат многу убав вкус, ги обожувам”.