„Татлии“ е турски универзален назив за слатко, слатки со шеќерен сируп, па под овој назив можете да најдете разновидни рецепти кои се разликуваат во некои состојки, но сите се сочни и шербетни.
Ова е еден стар рецепт, а тестото се приготвува со квасец. Многу се вкусни и не можете да се запрете на само едно парче. Рецепт на Сунчица Савич Стојанович.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесичка сув квасец (10 г), 1 лажица шеќер, 3 мали шолји (за кафе од 80 мл) млеко, 3 шолји масло, 3 јајца, 700 г брашно. ЗА СИРУП: 700 мл вода, 700 г шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер (10 г)

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Рзматете го квасецот со малку млако млеко, шеќер и неколку лажици брашно, да добиете мазна смеса без грутчиња. Оставете на топло место 10-тина минути додека квасецот да се активира и да се појават меурчиња.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во активираниот квасец додајте го остатокот од млакото млеко, маслото и јајцата, сите состојки отстојани на собна температура. Со постепено додавање на брашното замесете убаво мазно тесто кое не се лепи за рака.

![]()
![]()
![]()
![]()
От тестото кинете мали парчиња и формирајте топчиња (приближно да тежат по 30 г). Во една чинија ставете 10-20 г брашно, па секое топче прво валајте го во брашното, а потоа на боцкавата страна од рендето за да се формираат шарите (на овој начин полесно се прават).
![]()
![]()
![]()
![]()
Малку развлечете ги за да добиете валјак, па татлиите редете ги во намастен плех, на одредено растојание, бидејќи при печењето малку ќе нараснат. Оставете ги 15-тина минути додека рерната се загрева на 200 степени, па ставете ги да се печат.

![]()
![]()
![]()
![]()
После 15 минути печење на 200 степени, намалете ја температурата на 160-170 степени и печете ги уште 10-15 минути. Следете го печењето на крајот, зошто секоја рерна различно пече. Татлиите треба да бидат румени. Кога се печени оставете ги на страна да се ладат.
![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА СИРУП: Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и ванилата, па од моментот на зовривање, намалете на умерен оган и варете 12 минути. Најдобро е сирупот да се приготви еден ден претходно за да има време да се олади, па во него да се ставаат топлите татлии, но може и обратно.
Најдобро е да отстојат еден ден, ако се убаво печени тие пливаат во сирупот, па дури подоцна паѓаат на дното. Рецепт на Сунчица Савич Стојанович.












