Ова е многу стар рецепт, но многу добри и вкусни ситни колачи. Кој не ги правел, топло му ги препорачувам! Старински рецепт кој се пренесува од генерација на генерација помеѓу домакинќите и уште е многу популарен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г мелени биксвити, 200 г чоколадо (јас користам црно, а кој сака послатко, тогаш млечно), 6-8 рамни лажици шеќер во прав, 200 г путер
околу 100 г ореви, бадеми, лешници… што имате (јас сè измешав и сомелив), околу 2 лажици рум или по вкус.




И уште околу 50 г мелени јаткасти плодови за валкање на топчињата. ПОСТАПКА: Оревите (или лешниците, бадемите или микс) сомелете ги, а исто така и бисквитите. Чоколадото изрендајте го или растопете го на пареа. Путерот оставете го на собна температура или на топло за да омекне.

Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ

Потоа во него додајте шеќер во прав и со миксер или маталка убаво промешајте за да се изедначи. Кога ќе го изматите путерот и ќе стане кремаст, додајте ги сувите состојки и чоколадото, па убаво промешајте. Рум се додава само доколку вие сакате, тоа е по вкус.




Добиената смеса малку оставете ја во фрижидер (не мора, но помалку лепи), па потоа кинете парчиња и обликувајте топчиња со величина по ваша желба. Топчињата валкајте ги во мелени ореви, бисвити, чоколадни трошки… и оставете ги во фрижидер за да се стегнат убаво. Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ.




II РЕЦЕПТ. Посни бомбици со јаболко, ореви и посни бисквити – брзи и превкусни! Вкусни и меки топчиња кои можете да ги приготвувате со различна големина. Овие бомбици се приготвуваат брзо и едноставно, а имаат феноменален вкус.




Може да ги валкате во мелени ореви, лешници, кокос, рендано чоколадо, какао… и така да добиете различни, шарени бомбици на вашата трпеза. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5-6 поголеми јаболка, 100-150 г шеќер или по потреба (во зависност од тоа колку се слатки јаболката, 100 г маргарин, 2 ванилин шеќер или 2 лажички екстракт од ванила, 200 г мелена плазма/посни бисквити, 200 г мелени ореви, лешници или бадеми.




ПОСТАПКА: Јаболката се мијат, се лупат и се рендаат, па се запржуваат со 100 грама шеќер, 2 ванилин шеќери и 100 г маргарин, колку да омекнат и малку да испари течноста. Кога ќе излади смесата со јаболка, се додаваат 200 г мелена плазма/посни бисквити и 200 г мелени ореви.




Се замесува убаво за да се добие изедначена смеса, па се остава малку во фрижидер да излади и да се стегне. Од смесата се формираат топчиња, со големина по ваша желба. Се валкаат во мелени ореви или какао.




III РЕЦЕПТ. Сега се многу популарни бомбиците кои се прават со банани бидејќи се некоја поздрава варијанта и не се става шеќер во нив. Може да ги направите по следниов рецепт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г мелени бисквити, 2 супени лажица нутела или некој друг лешников крем по ваш избор, 2 банани и кокос за валкање. По потреба можете да ги зголемувате или намалувате состојките, но од оваа количина излегуваат доволно топчиња.




ПОСТАПКА: Се прават многу едноставно. Се мешаат бисвкитите со нутела или некој друг крем, се додаваат бананите исечкани на тркалца и се соединуваат состојките. Потоа целата смеса соединете ја со рака да добие конзистенција на влажен песок и веднаш кинете топчиња, бомбици со големина по избор и валкајте ги во кокос.