Оваа торта излезе многу вкусна и кремаста, а ме воодушеви тоа што сите дома ја изедоа во еден ден. Полесна досега не сум направила, а не е потребно нешто повеќе од 5 минути за да се подготви. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г бисквити, 60 г растопен путер, 400 г крем сирење (маскарпоне), 150 г варено кондензирано млеко, 200 мл неутрален крем 33% мм, 100 мл млеко (1/2 чаша), 10 грама агар-агар (природен желатин), 120 г бело чоколадо, уште 40 мл неутрален крем 33% мм.




ПОСТАПКА: Изблендирајте ги бисквитите во блендер на двапати доколку не ви ги собере сите заедно. Подобро е да ги поделите и посебно да ги блендирате бидејќи еднаш кога ги ставив сите одеднаш ми останаа мали парчиња бисквити кои воопшто не стигнале да се сомелат.




Кога ќе ги сомелете префлете ги во еден сад и прелијте ги со претходно растопен путер. Измешајте ја смесата до соединување додека да се направи погуста, но сепак нема да се направи компактна бидејќи не е толку тврда.




Смесата префрлете ја во калап со димензии 20х15 см или некој со слична големина, важно е да биде со флексибилен обрач и одоздола да има поставено хартија за печење. Добро измазнете ја смесата за да биде рамна.




ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Маскарпонето или крем сирењето ставете го во подлабок сад и одозгора прелијте го со варено кондензирано млеко и неутралната павлака. Изматете ја смесата со миксер до соединување на состојките.




Половина чаша млеко извадете да отстои на собна температура и додека е млако во него ставете го агар-агарот или желатин. Малку измешајте ја смесата и префрлете ја во тенџере додека малку да се згусне додека постојано мешате со лажица.




Згуснатиот желатин ставете го во изматениот бел крем и уште малку изматете со миксерот. Вака подготвениот крем премачкајте го преку кората која претходно ја направивте и добро измазнете ја смесата.




На крајот растопете го белото чоколадо со неутралниот крем на пареа или директно на рингла и прелијте ја чоколадната глазура врз белиот крем. Вака подготвената торта ставете ја да отстои во фрижидер преку ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.