Иако доматите кај нас ги има преку цела година и не мора да се конзepвираат освен доколку правите зимница, за некои се повкусни кога се конзервирани бидејќи се киснат во сол и маслиново масло, па го впиваат нивниот убав вкус.
![]()
![]()
![]()
![]()
Овој метод работи за мали (шери) домати и обичните. Првиот метод е многу лесен и може да го користите доколку сте купиле поголема количина на домати. Добро измијте ги и исечете ги на половина доколку се шери домати или на четвртини ако се обични.

![]()
![]()
![]()
![]()
Важно е да сечете со остар и добро наострен нож за да не ви се распаѓаат и прават кашести. Доколку сакате може и да ја извадите течната срцевина од средината. Така исечени ставете ги во зип кесичка до половина и потоа извадете го воздухот од кесичките за да ги вакумирате.

![]()
![]()
![]()
![]()
Вака подготвени кесичките ставете ги во замрзнувач. Може да ги користите во било кое време за салата или некое друго јадење. Вториот метод е да ги засечете малце на врвот со нож и наредете ги во чиста стерилизирана тегла до врвот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Искористете толку тегли колку што ви е потребно за да ви ги собере сите домати. Потоа во секоја тегла додајте 1 мала лажичка сол и маслиново масло до врвот. Добро затворете ги теглите и ставете ги во тенџере во кое претходно сте ставиле памучна крпа.

![]()
![]()
![]()
![]()
Конзервирајте ги така што ќе ги прелиете со вода и ќе ги ставите на рингла да се готват 30-40 минути по зовривање на водата. По конзервирањето ќе забележите дека на капакот се формирал круг кој значи дека теглата е вакумирана.





Вака подготвените тегли ставете ги на темно и суво место целосно да се оладат, најдобро преку ноќ. Салатата може да ја послужите во било кое време. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

![]()
![]()
![]()
![]()
БОНУС РЕЦЕПТ. Еве ги потребните состојки: Модар патлиџан во масло. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг модар патлиџан, 100 г кромид, 200 г морков, главица целер, сол, магдонос, масло, црн пипер. Начин на подготовка: На рингла ставете тенџере со зовриена вода. Потоа додајте ги модрите патлиџани и варете ги додека да омекнат.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе бидат готови, извадете ги и исечете ги на прстени дебели околу еден сантиметар. Потоа следи пржење на загреано масло. Кога ќе заруменат, наросете ги со црн пипер и сол.
Исечете го другиот зеленчук – кромидот, морковот и целерот на парчиња. Парчињата модар патлиџан наредете ги во соодветните тегли, а меѓу нив ставете од другиот зеленчук.
![]()
![]()
![]()
![]()
На крај прелијте ги модрите патлиџани со маслото во кое се пржеа, кое претходно сте го процедиле. Затворете и стерилизирајте 15 минути. Пржениот модар патлиџан можете да го зачувате со малку лук – без никаков друг зеленчук. Само треба да ги исечете модрите патлиџани на кришки и кога ќе истече горчливиот сок, испржете ги.
![]()
![]()
![]()
![]()
После тоа, наредете ги парчињата во теглите, претходно исцедени од маснотии, а меѓу нив наросете ги со ситно сечкан лук. Потоа, повторно наполнете ги модрите патлиџани со исцеденото масло, ставете ги капаците и стерилизирајте десет минути.












