Овој колач е толку едноставен, што за него не ви е потребна дури ниту вага. Овој рецепт за брз колач никогаш нема да ве разочара. А сепак, од друга страна, иако е толку едноставен и евтин, сепак е многу вкусен, така што за кратко време повторно ќе го направите.
![]()
![]()
![]()
![]()
Рецептот на Жељка од каналот „Lola’d Dream Factory”. “Во денешниот рецепт се навраќам на еден стар рецепт кој ќе ве врати во детството. „Чу-до од едно јајце“ е толку едноставен, што за него не е потребна ниту вага. А пак од друга страна, тој е толку вкусен и евтин колач, што со задоволство повторно ќе го приготвувате” – вели Жељка.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, ½ чаша масло, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша + 2 лажици брашно и 1 ќесичка прашок за печиво. Чашата на мерка е 200 мл.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги брашното и прашокот за печивото и просејте ги низ сито. Во посебен сад за матење ставете го едното јајце заедно со шеќерот и изматете со миксерот. Кога пенасто ќе го изматите јајцето, а шеќерот ќе се растопи, започнете постепено, во тенок млаз, да го додавате млекото, а потоа на ист начин и маслото. Цело време матете без прекин.

![]()
![]()
![]()
![]()
На крај додајте ги мелените ореви, а нив промешајте ги полека со жица за матење. Потоа додајте го и просеаното брашно заедно со прашокот за печиво. Сето рачно соединете го додека да добиете изедначена смеса.

Вака приготвената смеса излејте ја во намастен и со брашно наросен плех (вишокот истресете го) со димензии 20х30 см. Рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Кога е готов, бисквитот оставете го да се лади.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потребни состојки ЗА КРЕМ: 600 мл млеко, 2 ќесички пудинг од ванила, 10 лажици шеќер и 250 г путер или маргарин. ПОСТАПКА: Прашокот за пудинг помешајте го со 10 лажици шеќер. Додајте и дел од 600 мл млеко, колку да се размати смесата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Остатокот од млекото ставете го во тенџере на оган, па кога ќе зоврие додајте ја смесата од пудинг и шеќер (да нема грутчиња) и матете постојано на умерен оган додека смесата убаво да згусне.





Сварениот пудинг прекријте го со проѕирна фолија и оставете го целосно да излади. Изладениот крем изматете го добро со миксер додека да добиете мазна смеса. А потоа во кремот малку по малку додајте го омекнатиот путер и повторно изматете со миксер. На крај ќе добиете многу нежен и мазен крем.
![]()
![]()
![]()
![]()
Готовиот крем рамномерно рапосредете го и намачкајте го врз ладниот бисквит. Убаво израмнете и оставете да се лади во фрижидер најмалку два часа. Ладниот колач исечете го на еднакви коцки. Подготовка на ЧОКОЛАДНАТА ГЛАЗУРА:

![]()
![]()
![]()
![]()
За да ја приготвите глазурата ќе ви биде потребно 150 г чоколадо за готвење и 5 лажици масло. Чоколадото искршете го и заедно со маслото растопете го на пареа додека да се претвори во сјајна и мазна глазура.

![]()
![]()
![]()
![]()
Исечените коцки ставете ги на решетка, па одозгора прелијте ги со топлата чоколадната глазура. Оставете да излади и стегне глазурата, па одозгора по желба можете да ги декорирате со шлаг во шприц. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.












