Ваков вкусен ручек со зелка подготвуваше баба ми кога бев мала и уште ми е омилено. Сега откога го добив рецептот и јас го подготвувам на ист начин и децата бараат репете по двапати.




Потребни состојки: 1 зелка, 2 домати, 400 г мелено месо по ваш избор (телешко, јунешко, свинско или мешано), 1/2 сок од еден лимон, неколку семки од ким за зачинување, 50 г рендано сирење или кашкавал (моцарела, гауда…), 1 ловоров лист, сол, црн пипер за зачинување.




Постапка: Исчистете ја зелката од надворешни листови и измијте ја под млаз ладна вода. Потоа исечете ја на половина или цела ставете ја во големо тенџере кое сте го наполниле со вода и сте му додале сол.




Ставете на рингла водата во него да зоврие, а потоа варете уште 10-тина минути. Во меѓувреме, измијте и исечете ги доматите и изматете ги на пареа со ловоров лист, сок од половина лимон и семките од ким, сол и црн пипер. Зачинете по ваш вкус.




Сокот оставете да се готви на пареа на ниска температура околу 10 минути. По варењето, исцедете ја зелката и исечете ја на ленти, потоа ставете ја во сосот од домати да се динста доматите и оставете да се динста уште 15 минути.




Потоа целата смеса со зеленчукот ставете ја во тава или огноотпорен сад за печење и додајте го меленото месо, одозгора наросете со рендано сирење, ставете во загреана рерна на 230 степени, 20-30 минути и веднаш послужете додека е топло. Може да го пробате и следниов рецепт:




Потребни состојки: 550 г бела зелка, 2 супени лажици лимонов сок (40 мл), 2 зелени пиперки, 1/2 црвена пиперка, 3-5 чешниња лук, 1 главица кромид, 1 морков, 350 г мелено месо, 1 лажичка сол (10 г), по прстофат разни зачини (црн пипер, ѓумбир, куркума, нане, чили, оригано), 1/2 китка свеж магдонос.




И УШТЕ: 2 супени лажици брашно (25 г), 2 јајца, 4 супени лажици млеко (80 мл), 2 супени лажици маслиново масло (40 мл), 1 супена лажица доматно пире (20 г), рендан кашкавал / чедар (30 г).

Постапка: Зелката измијте ја и исчистете ја од горните листови, па доколку е голема преполовете ја, вам ви е потребно околу половина килограм бела зелка. Исечкајте ја ситно на ленти како за салата (може и нешто покрупно).




Потоа залијте ја со две супени лажици лимонов сок и промешајте ја убаво. Оставете ја зелката на страна да омекне малку додека го приготвувате остатокот од зеленчукот. Измијте ги, исчитете ги и исцедете ги. Зелените долги пиперки преполовете ги надолжно и попречно, па ситно исечкајте ги. Магодносот (или свеж копар) исто така ситно исечкајте.




Истото направете го со црвената пиперка, лукчето и кромидот, а морковот изрендајте го на крупната страна од рендето. Потоа целиот иситнет зеленчук додајте го во зелката и убаво промешајте за да може рамномерно да се распоредат сите состојки.

Во целата оваа смеса додајте го меленото месо. Нема потреба од негово претходно пропржување, па во тоа се состои и убавината на овој рецепт. Сè е едноставно, без дополнителни маснотии и валкање на садови.




Зачинете со една лажичка сол и разни зачини по ваш вкус. Додајте две лажици брашно, 2 јајца, 4 лажици млеко, 2 лажици масло и една полна супена лажица густо доматно пире. Добро промешајте додека сите состојки убаво да се изедначат и соединат.

Огноотпорниот сад/плех намастете го, па целата смеса рамномерно распоредете ја и израмнете. Одозгора наросете црвен пипер во прав или кој сака лут буковец. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека да добие убава златнокафеава боја.

Извадете го плехот од рерна, наросете рендан кашкавал одозгора, малку сечкан магдонос или друга зачинска билка и вратете го повторно уште половина час додека да се растопи и запече. Оставете малку да подизлади, па послужете. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.