Без разлика на колку начини сте се обиделе да го отстраните сивилото, облеката останува иста, што ја нервира секоја жена.

За цела среќа, постои одлично решение, а потребни ви се само аспирини и вода.

Потребни состојки:

325 мг аспирин

2 литри вода

Постапка:

Водата стоплете ја или директно од болјер налејте топла вода, па во неа додадете 325 мг аспирин, претходно здробен. Мешајте за да се растопи.

Во оваа течност потопете ги пешкирите или облеката и оставете да киснат седум часа.

Таблетата аспирин можете да ја ставите директно во машината за перење, да ја завиткате во печкирот, бидејќи на тој начин, таблетата ќе се растопи подобро.

Со користење на аспирин нема да морате да трошите пари за скапи производи за избелување на алиштата, бидејќи аспиринот е многу ефикасен токму поради својата киселина.