Се подготвуваат брзо, многу се меки и убави дури и наредниот ден. Остануваат меки и свежи долго време под кујнска крпа (за да не се исушат). Ова е најбрзиот и најдобриот рецепт за панцероти од рерна. Рецепт на „Лесни Оброци“.




Потребни состојки: 300 мл топло млеко, 1 кесичка сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 средна (или половина голема) лажица сол, 2 јајца, 1 лажица масло, 600 г брашно. Предлог фил: сос од домати, оригано, салама, кашкавал.




Постапка: Во еден длабок сад измешајте 300 мл топло млеко и една лажичка шеќер. Додајте 3-4 лажици од брашното, па започнете да го додавате и квасецот во смесата со постојано мешање на смесата. Додајте 1 голема или средна лажица сол во зависност од тоа колку сакате да биде солено.




Пред крајот се додава 1 лажица масло и 1 јајце, па во целата смеса се додава преостанатото брашно. Мешајте прво со лажица, а потоа тестото замесете го со рака (не мора да го вадите на работна површина, се замесува во садот). Покријте го со фолија и оставете го на топло да стасува околу 40-тина минути.




За тоа време се приготвува филот: шунката исечкајте ја ситно и тргнете ја настрана, па исечкајте моцарела (или друго сирење, кашкавал, по избор). Во подлабок сад измешајте доматен сос заедно со 1 лажица оригано за поубав вкус.




На набрашнета работна површина истресете го тестото, па со оклагија развлечете кора (ни премногу тенка, ни премногу дебела). Вадете кругови со длабока чинија или друга модла (величината по ваш избор). Или поделете го тестото на 12 топчиња, па секое топче развлечете го во круг посебно со оклагија.




На секој исечен круг ставете фил на едната страна, а со другата поклопете, па со прстот или виљушка притиснете за да се залепи од страните. Изматете едно јајце, па премачкајте ги панцеротите наредени во плех обложен со хартија за печење.




Одозгора наросете сусам по желба. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да заруменат, околу 15-20 минути. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Подолу прочитајте предлог за фил:




ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛ: доматно пире/кечап, сечкани печурки, рендан кашкавал, сечкан кашкавал/шунка…. Секако, можете да ставите и фил по ваша желба, како свежо сирење, ситно сирење помешано со крем сирење или кисела павлака, сирење со спанаќ, шунка и кашкавал…

пригответе го филот.