Често ни се случува во куќата да ни останат банани кои останале малку подолго и потемнеле на некои делови, кои никој не сака да ги јаде. Често завршуваат во канта, но наместо тоа можете да ја направите оваа едноставна торта, само со стари банани.
Потребни се само неколку минути за подготовка, а резултатот сигурно ќе ве воодушеви. Потребни состојки: 2 банани, 1 јајце, 130 г шеќер, 50 г путер, 130 г брашно, 1 лажица прашок за печиво, 2 лажици ванилин шеќер, 1 слатка павлака, малку презла.
Постапка: Во сад изматете ги со рачно матење јајцето и шеќерот, додајте малку неварена слатка павлака и растопениот путер и повторно изматете сè. Потоа во смесата додајте брашно, прашок за печиво и ванилин шеќер.
Со виљушка испасирајте ги бананите и додајте ги во смесата, па сè убаво соединете. Прелијте ја смесата во тава претходно наросено со презла и печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. За подобар изглед на колачот можете да употребите и калап за куглоф, а по печењето по желба наросете го со шеќер во прав.
Втора варијанта: Потребни состојки: 300 г бисквити, 3 пудинг од ванила, 9 лажици шеќер, 1 литар млеко, 200 г путер или маргарин, 4 лажици кисела павлака, 5 банани и 200 мл слатка павлака или 200 г крем шлаг.
Постапка: Бисквитите искршете ги. Три кесички пудинг разматете со 400 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган и додадете 9 лажици шеќер. Пудингот сварете го во млекото и кога ќе згусне тргнете го од огнот.
Во врелиот пудинг додајте путер или маргарин исечкан на листови и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте ја павлаката и уште еднаш промешајте за да се изедначи. Во кремот додајте ги бисквитите, промешајте и оставете пет минути да отстои. Половина од смесата истурете во калап (јас користев тркалезен 26 см).
Излупете ги бананите надолжно и наредете ги преку пудингот. Ставете ја и втората половина од пудингот. Оставете колачот да излади. Тргнете го обрачот и украсете со шлаг крем одозгора.