Еден од популарните рецепти за олеснување на тегобите е млеко со лук. Звучи невообичаено, но луѓето се колнат дека помага.

Статистиката вели дека неиздржливата болка во грбот е причина број еден поради која луѓето отсуствуваат од работа и земаат боледувања.

Околу 80% од луѓето во еден миг од животот чувствуваат неиздржливи болки во овој дел од телото и тоа независно од возраста.

Еден тип болки во грбот, ишијасот, е посебно болен, а се случува поради притисок или дразба на еден од петте рбетни корени на нерви (L4, L5, S1, S2, S3) кои заедно го прават n.ischiadicus.

Поблаг облик на ишијас може да помине сам по себе, но кај потешки случаи потребно е лекување. Како многу ефикасни се покажале лековите од народнаа медицина.

Еден од попопуларните рецепти за олеснување на тегобите е млеко со лук. Звучи необилно, но луѓето се колнат сека делува.

РЕЦЕПТ ЗА МЛЕКО СО ЛУК.

Потребни состојки:

4 чешниња лук, истолчени

1 шолја млеко

1 лажичка мед, или по вкус

Постапка:

Лукот и млекото ставете ги во сад на оган. Нека зоврие на тивко, постојано мешајќи. Кога ќе зоврие, тргнете од оган, оставете да излади, па по желба засладете.

Со оглед на тоа што лукот ја разредува крвта, не би требало оваа мешавина да ја пиете повеќе од еднаш дневно, но и тоа е сосем доволно за да ги олесни болките.