Фото и рецепт: Мирјана Стојановска

Потребни состојки:

10-12 суви везени пиперки

4-5 компири

1 главица лук, по вкус

сол, масло

* Пиперките задолжително треба да се суви везени.

Постапка:

10 – 12 суви везени пиперки се варат со 4-5 компири.

Во аван се толчи лук со сол, 1 главица или помалку зависно од вкус. Се толчат и варените суви пиперки.

Компирот се лупи и пасира и тој се меша и се толчи.

Смесата се става во земјен сад, се подгрева масло и се попарува макалото.

Есенско и зимско макало, не знаеш да престанеш да јадеш особено ако се лути пиперките 😘