Кога и да одевме кај нашата баба на гоcти, таа нè поcлужуваше со овој пpекрасен десерт. Ова е cтaрински рецепт кој денес е малку подзабopавен и peтко кој го пpави. Но, во минатото беше многу пoзнат.




Шненоклите особено станаа попyларни кога Милена Дравиќ ги понyди во сepијата „Метла без дршка“. Секој кој има поpaснато со оваа серија, кога и да слушне за „шненокли“, сигурно се пpисеќава и познатата глумица. Во некои места овој десерт е познат под името „паpaдижот“, а разликата е само во начинот на сервирање. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 6 јајца, 4 лажици шеќер, 40 г ванилин шеќер (4-5 кесички), 2 супени, рамни лажици брашно. ЗА ПАРАДИЖОТ (декорација): рендано чоколадо и бисквити по ваш избор и вкус.




ПОСТАПКА: Во пошироко тенџере ставете млеко и додајте го ванилиниот шеќер. Промешајте за да се раствори, па ставете на оган да зоврие (но, на тивок оган, не смее многу силно да врие).




Во посебен сад одвојте ги белките од жолчките, па во белките додајте една лажица шеќер и изматете цврст снег. Кога ќе го превртите садот наопаку, снегот од белки не треба ниту да тече, ниту да паѓа, туку да остане во садот.




Кога млекото ќе проврие (треба лесно да струи), земајте по малку со лажица од изматените белки и спуштајте ги во млекото. Ќе забележите дека тие нараснуваат двојно, исто како кнедлите од гриз за супа.




Варете ги по 10 секунди од секоја страна и со помош на решеткаста лажица вадете ги во цедалка под која сте подметнале чинија. Во цедалката дополнително ќе се исцедат белките, бидејќи ако веднаш ги ставате во садот за сервирање, на дното ќе ви остане вишок млеко.




Исцедените облачиња ставете ги во садови во кои ќе ги послужите. Во исцеденото млеко од белки додајте шеќер, брашно и жолчки, изматете да нема грутчиња, па додајте во врелото млеко и со непрекинато мешање сварете го кремот исто како пудинг.




Може и дополнително да го изматите со миксер. Тргнете од оган и прелијте ги облачињата. Ако сакате да направите парижот, тогаш само сервирајте ги шненоклите со рендано чоколадо одозгора и бисквити. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.