Кроасаните се меки како памук, а истовремено крцкави одозгора, а толку миризливи, што уште пред да ги вкусите – ќе знаете дека ќе бидете освоени. Ова е прекрасен и уникатен рецепт за вистински пекарски кроасани за кои, верувам дека истиот нема да го пронајдете никаде на друго место




Овие кроасани можете да ги правите празни, а може да ги полните со џем, лешников крем, сирење или што и да посакате по вкус. Кога ќе ги правите солени, тогаш можете да ги правите поситни, а кога ќе ги полнете со крем, тогаш правете ги поголеми, баш како вистински кроасани, за да дојде до израз и кремот.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг меко брашно, 1 коцка брашно (50 г), 2 лажички сол, 5 лажици масло, 1 јајце, 250 мл млеко, 250 мл вода, 250 г маргарин за премачкување. ЗА ФИЛ: 150 г шунка, 250 г свежо сирење, 1 белка. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 1 јајце, 1 жолчка, сусам, ким..




ПОСТАПКА: Иситнете го квасецот во половина шолја топло млеко со лажичка шеќер и брашно, па оставете го на топло место 10-тина минути да се активира и запени. Од брашното, солта, активираниот квасец и останатите состојки замесете средно меко тесто.




Тестото поделете го на 16 топчиња, а секое топче со помош на оклагија развлечете го во тркалезна кора и премачкјате ја со маргарин, па редете по осум кори една преку друга, со тоа што последната не ја премачкувате (добивате две купчиња со по осум кори).




Наредените кори една врз друга прекријте ги со крпа или проѕирна-стреч фолија, па оставете ги да одморат 20-тина минути. Потоа со оклагијата внимателно развлечете го прво едниот куп тесто од 8 кори, во една голема тркалезна кора.




Кората најпрво поделете ја на четири делови, а секоја четвртина на уште 5-6, така да добиете 20-24 триаголници, во зависност од тоа дали сакате помали или поголеми кроасани.




На секој триаголник ставете парче шунка и фил од сирење и белка, па внимателно свиткајте ја кифлата. Вака приготвените кроасани наредете ги во намастен плех од рерна (или обложен со хартија за печење, малку намастена).




Повторете ја постапката и со другата кора, развлечете ја, па поделете ја на 20-тина триаголници. приготвените кифли покријте ги со крпа или фолија, па оставете ги да одмораат еден час.




Најпосле премачкајте ги со изматено јајце, наросете сусам или ким, па ставете да се печат во претходно загреана рерна 20-тина минути на 220 степени, додека убаво да заруменат. / Мигноне/ Сооlinarika.com