Паељата е познато јадење кое се прави од школки и неколку зеленчуци и е многу вкусно. Идеално за празниците кои што ни доаѓаат, но и за понатаму кога сакате да си направите нешто набрзина за ручек. Рецептот е на Бети Јосо која со задоволство го споделува рецептот со читателите на НМД.мк.
„Популарната паеља која доаѓа од шпанската кујна од таму каде ја запознав за првпат беше и е многу фалено јадење. Како во мојата фамилија сè повеќето одлични скептици, така никој од нив кој ми беа гости на посна вечера немал вкусено школка, вклучувајќи сè и самата себе.
Школки купив пред подолго време, онака, од радозналост, без идеја како ќе ги спремам и кој ќе ги јади, па повиканите гости беа добра множина за прв тест хаха. Секако, покрај другите посни јадења на трпезата на избор.
Успев поголем дел да ги наведам да пробаат, едвај, со скепса.. потоа се бараше повеќе пати репете. Истото би го кажала и за себе, прекрасна! А школките, ма овие не се воопшто стpaшни за јадење, како „локумчиња“ се „иcпонашаа” хаха.
Како кај нас морски плодови нема свежи, значи најпрво кога ќе се решите да го спремате ова јадење треба да ги одмрзнете. Се спрема сè на рингла во една тава. Всушност ако ги спремите состојките совреме, многу лесно и брзо.
Потребни состојки: 1 поголема главица кромид, 3 чешниња лук, 1 црвена пиперка, 400-500 г ситни исчистени школки, 100 мл доматно пире, 1 чаша (200мл) ориз, 600 мл вода, 1 коцка за супа.
И уште: 1 лажица шафран, 1 лажица сув зачин солен, ½ лажиче пимент, 1 лажиче мешавина зачини (босилек, оригано, тимијан, мајоран), половина чаша бело вино, 100 г конзерва грашок, мала китка ситно сечкан магдонос.
Подготовка: На маслиново масло во тава за паеља, што кај мене таа беше избор на Делимано Грин планет округлата тава која одлично се вклопи како за сефте, се запржува кромидот исечкан на коцкички.
За брзо време се додава пиперката исто така исечкана на коцкички и лукот многу ситно сечкан или поминат на преса. Се пржи само колку да омекне, па се додаваат школките во време колку да им подизпари водата што ќе ја пуштат (неколку минути).
Па на кратко пржење доматното пире, по него оризот, по кој се става коцката за супа и по неа водата. Се остава да вари на малку појака од средна температура 10-15 минути за кое време оризот ќе треба да е скоро варен.
Пожелно е да не се меша, но како мене ми беше новитет јас проверував со лажицата почесто. Не е ништо страшно и ако сакате да мешате. Потоа се додаваат грашакот, зачините и виното, кое пред да се впие, за многу кратко време и магдоносот.
Важно е оризот да има сочност, да не довозволите многу да испари течноста и да е сув. А кога сме кај него, заборавив ви кажам дека се користи некоја специјална сорта на ориз, која нашиот можи одлично да си ја заврши работата чинам.
Готовата Паеља се служи топла, одозгора со парчиња лимон, односно сокот од лимонот е многу пожелен за попрскување пред дегустацијата. И сечкан магдонос…” Деталите од рецептот и блогот на Бети Јоси може да погледнете повеќе ОВДЕ.