На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година.

Во народното верување се смета дека на овој ден започнале поpoдилните б олки на Пресвета Богородица. Тоа е опеано во народната песна „Се зaмачи Божја мајка, од Игната до Божика“.




Но во преданието на Православната Црква јасно е забележано дека Пресвета Богородица воопшто и немала породилни б олки Во Македонија овој празник представува еден од поголемите празници проследуван со многу обичаи и суеверија.

Заедничко за сите македонски региони е тоа што смета дека се што ќе се прави на овој ден, ќе ви се случува во текот на целата година.

Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“




Поради тоа што Исус го носел во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Jован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија.




Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години.




Кога бил дете Исус го кренал, (го зел во прегратка) и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. Поради тоа што Исус го носел во прегратка е наречен Богоносец.




Празникот Св. мч. Игнатиј Богоносец во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ БОЖИК. Празникот Игнат секогаш е пет дена пред Божик 2. 1. /20 XII и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници.




Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи.




Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос. Така на пр. во Велес, како што запишал Д. Матов, на Игнат вареле пченица и царевка заедно за да се подигне бериќетот, а жените заработувале од секоја работа по малку, исто така за да им се подига работата.

Во Разлошко овој празник се поврзува со Божик па се вели дека од Игнат се замачила Божја мајка: „замачила се е уш туга Божја маќа“. Во Гевгелиско Св. Игнат бил сметан за тежок и „уд огин аталија празник“. Особено го држеле празник и не работеле жените што имале деца. На овој ден се колеле свињи и сучеле сарајлии за Божик. Во Штип празникот го викале Игнат – подигнат.




Тој ден мајките ги теглеле своите деца, „ги подигаат“ за ушите или главата за да растат повеќе. И во овој крај е забележан обичајот полазник. Имено, оној што ќе влезе прв во куќата се верува дека носи среќа или несреќа.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро. Обичајот полазник е забележан и во други краишта на Македонија и е во врска со започнувањето на годината кога се прогнозира среќата на поединецот и заедницата.




„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игњат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник.

За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството. Игњат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.




За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

НА ОВОЈ ДЕН ДОБРО Е ДА СЕ ИЗГОВОРИ СЛЕДНАТА МОЛИТВА, ЗА ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И БЕРИЌЕТ: „Беше наследник на Апостолскиот престол и причесник по дyх, Од Бог вдаховеното дело си го нашол во видениото на духовното растење: Затоа го воскресна словото на вистината и поcтpaда заради верата, свештеноmaченикy Игњатиј: Моли Го Христос Бог за спас на нашите дyши.