Поради забниот камен доаѓа до собирање и размножување на бактерии кои предизвикуваат воспаление на гингивата, односно „џепови“ (гингивитис и парадонтитис), помогнете си со домашни препарати.
Ако сте еден од оние кои се „тресат“ и на самата помисла на стоматолог, тогаш природните решенија за отстранување на забниот камен, се идеални за вас.
Забниот камен е тврда наслага на забите, која се создава со текот на времето. Талогот под влијание на минералите од плувачката се зафаќа на забите и се создава забен камен. Оваа појава се забрзува особено ако се консумира мека, леплива и кашеста храна, богата со јаглехидрати (благо, бел леб, печива, зашеќерено овошје).
За да се ослободите од оваа грда појава обидете се со овие 2 рецепти:
1.РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
30 г оревови лушпи и малку вода
Постапка:
Според советот од healthyfoodstar.com, потребно е да ги ставите оревовите лушпи во лонец, да ги прелиете со вода и да ги варите 15 минути. Натопете ја четката во добиената течност и темелно исчеткајти ги забите во времетраење од 5 минути. Повторувајте ја оваа постапка, наутро и навечер.
2.РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
4 лажици сончогледови семки
4 лажици цвет од липа
1 литар вода
Постапка:
Сите состојки ставете ги во сад и варете ги на тивко околу половина час. Со оваа течност мијте ги забите после секое јадење.