Убава фигура, рамен стомак и мазна кожа е сон на секоја жена, а за да се постигне сето тоа потребен е голем труд и мака. Редовно вежбање, здрава исхрана, антицелулитни масажи… често се недостижни поради недостиг на време или финансиски средства, па токму поради тоа борбата со целулитот се растегнува до бесконечност.

Затоа, кога сте дома и гледате телевизија, наместо да консумирате разни грицкалки и закуски, одлучете се за примена на антицелулитна самомасажа со домашен антицелулитен крем кој сами ќе си го направите. Очекувајте први резултати за само 7-10 дена!

Пред самата масажа, кожата мора задолжително да се намачка со антицелулитен лосион, а потоа со домашниот крем. Или само со кремот, бидејќи тој ви е доволен.

Антицелулитните лосиони најчесто се на база на пеперминт, гуарана, кофеин, бршлен…и помагаат во подобрување на циркулацијата, па на тој начин се подига темепратурата на телото, што е од голема помош за ослободување од токсините па дури и од вишокот масни наслаги.

Кога ќе ја примените антицелулитната самомасажа, притискајте со рацете и лесно штипкајте го делот кој го третирате, за да може што подлабоко да продре кремот во подлабоките слоеви на кожата.

Кога ќе почувствувате „перничиња“ од насобрани токсини под кожата, обидете се да ги разбиете со притисок. Со прстите опфатете ја кожата и со кружни движења масирајте во насока од колениците кон бедрата.

Притискајте ги прстите или дланките и повлекувајте со едно движење од долу кон горе, а на тој начин ќе ја зголемите циркулацијата на лимфата и ќе овозможите подобра исхранетост на ткивото.

При борба со целулитот, масажата е само една од чекорите кои треба да ги применете за да го постигнете посакуваниот резултат. Затоа, не заборавајте во текот на денот да испиете доволно количина вода, и да вметнете во вашето мени повеќе свежо овошје и зеленчук, а сето тоа заедно искомбинирајте го со некоја физичка активност.

АНТИЦЕЛУЛИТЕН КРЕМ

Потребни состојки:

100 мл бебешки крем

20 капки есенцијално масло од портокал или друг цитрус

3-5 капки есенцијално масло од цимет (не повеќе!)

Постапка:

Добро измешајте ги состојките и чувајте ги складирани во соодветно кутивче.

Помеѓу едно мачкање до следното мачкање треба да изминат 8-10 часа.

Теглата веднаш затворајте ја, не ја оставајте подолго време отворена.

За 4 седмици направете нова доза.