Home Останато Корисно Гатачка: ако сакате да го сонувате идниот сопруг – сварете јајце

Гатачка: ако сакате да го сонувате идниот сопруг – сварете јајце

За некого магијата и тајните учења кои се пренесувале низ вековите, станале религија. Колку и да ви се чини апсурдно и неверојатно, сепак луѓето од 21.век сè уште бараат совети од гатачи и бајачи, а за помош неретко и се обраќаат и на магијата.

Гатачката Р.Д. вели дека најчесто луѓето одат кај неа за некоја болест,  за љубов, неверство, кариера и пари.

Најчесто употребуваните бајалки се оние со плоснат камен, коњска потковица, варено јајце, отпечаток од стапало…

Следниот ритуал што ќе го прочитате, се користел уште многу одамна, го користат млади девојки, а има пророчка цел:

Ако некоја девојка посака во сон да го види својот иден маж, треба да свари едно јајце.

Свареното јајце треба да го излупи, а белката внимателно да ја пресече на две еднакви половини.

Целата жолчка се вади и се валка во сол, па повторно се враќа во двете половинки на белката.

Пред спиење девојката мора да го изеде ова јајце, но после тоа не смее да пие вода.

<

Во сон ќе го види оној маж кој и е суден да и биде сопруг, како и носи вода за да ја изгаси жедта.

Најчесто девојките после сонувањето на овој сон се будат и го запамтуваат.