Фото и рецепт: Valq Миланоска

Едни мекички како душа кифли со форма по желба на Прилепчанецот и по рецепт на една сосетка што ја имав овде во Варна, а сега е во Лондон, а по потекло е од Штип, Македонка.

Потребни состојки:

800 г брашно

500 мл млако млеко

1/2 квасец

Шеќер, сол, по вкус

12 супени лажици масло

Постапка:

Се топли млекото, се здробува внатре квасецот, се стават солта, шеќерот и маслото, па се промешува и се додава во брашното.

Се замесува меко ко памукче тесто, се меси убаво да е мазно. Квасецот не се активира претходно.

Работната површина се обложува со проѕирна фолија врз која се истура малку масло и целата се премачкува. Од тестото се кинат 36 топчиња кои се редат врз фолијата.

Од нив се прават кифли со форма по ваш избор, па се редат во плех обложен со хартија.

Се оставаат малку да киснат околу 15 минути. 

За тоа време, во една чаша се крши јајце, една лажица кисело млеко и малку растопен путер. Се промешува убаво и со оваа смеса се премачкуваат кифлите.

Ако се топчиња како моите, се засекуваат како крст, се става мало парче путер, па озгора се поросува со сусам.

Се ставаат во ладна рерна, па се вклучува на 170 степени. Се печат додека да добијат убава златнокафеава боја.