Фото и рецепт: Сања Варјачиќ
Не ги правев јас, туку мојата ќерка Сања Варјачиќ која смета дека не се за објавување и дека и е потребна уште пракса – вели мајка и на Сања. А јас како учителка и мајка мислам дека се совршени, па затоа ги објавувам.
Потребни состојки:
1 свеж квасец (се активира во малку млеко, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно)
750 г брашно
50 мл масло
250 мл млеко
2 јајца
1 лажичка сол
Постапка:
Најпрво активирајте го квасецот. Во друг сад ставете ги брашното, маслото, млекото, јајцата и лажичка сол. Додадете го и квасецот па замесете тесто.
Тестото покријте го и оставете го да надојде на топло уште половина час. Потоа правете ги кифлите. Јас ги полнев со салама, кашкавал и вајкрем, а одозгора ги премачкав со јајце и сусам. Вие можете да ги филувате според ваш вкус.
Се печеа 15 минути на 220 степени.