Сите жени знаат дека вратот ги издава нивните години. Но, дали може да се направи нешто и да се спречи предвременото стареење и збрчкување на кожата од вратот?
Првенствено, мора да се запамти следното правило: сите хранливи и тонизирачки маски кои ги нанесуваме на лицето, неопходно е да се нанесуваат и на вратот. Притоа со јагодиците од прстите нежно се измазнува кожата со лесен притисок, внимавајќи на каротидите. Движењата треба да бидат нежни и бавни и полека да преминат во лесно тропкање.
Ако вашиот врат започнал да поприма „гускин“ изглед на кожата, можете да го спречите и поправите овој недостиг со следната процедура:
1.Избришете го вратот со било кое растително масло, а потоа со памук натопен во вода и сол, започнете да го масирате вратот со кружни движења од брадата кон долу.
2.После масажата нанесете топла облога направена од кајмак и вода (1:1). оставете да делува колку може подолго. Исплакнете.
3.На крај, вратот намачкајте го со хранлив крем, и добро измасирајте го за да се впие кремот.