Често се вели дека во рајот постоеле две дрва: смоква и маслинка. Смоквата е „дрво на вистината“, а маслинката е „дрво на животот“. Старата латинска мисла која се споменува во бројни свети книги од различни религии ја глорификуваат оваа билка со зборовите: oles prima arborum omnium est или „маслинката е прва меѓу дрвјата“.

Тоа е билка која симболизира светост, благосостојба, правичност, здравје, гордост, победа, успех, мудрост, интелигенција, чистота, ново раѓање и бројни други позитивни особености…

Потребни состојки за ликер од црни маслинки:

1 литар ракија

600 г маслинки

500 г шеќер

Кора од портокал или лимон

5-6 каранфилчиња

Потребни состојки за чај од маслинови листови

20 листови од маслинка

500 мл вода

Постапка: ЧАЈ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Листот од маслинки се употребува за лекување на крвен притисок. Овој чај се приготвува така што се земаат 20 листови од маслинка и се готват во 450 мл вода. Тоа готвење треба да трае толку, колку да остане само 200 мл вода. Чајот се пие пред јадење, наутро и навечер по една чаша. Треба секогаш да се готви свеж чај.

Овој чај не се препорачува за бремени жени.

Постапка: Ликер од црни маслинки

Потребно е 1 литар ракоја, 600 г здрави, зрели, крупни црни маслинки, 500 г шеќер (кој го вариме со 200 мл вода и го ладиме), кора од еден лимон, кора од портокал, кора од цитрон, сето тенко излупено од надворешна страна, 5-6 каранфилчиња.

Сето заедно се меша во поголема тегла во 2-3 литри со голем отвор и треба да отстои 45 дена добро покриена на темно место.

Често треба да се промешува, особено првите неколку денови да се растопи шеќерот. Теглата треба да се чува добро затворена 45 дена и треба да биде покриена. Потоа се филтрира низ дупла газа, потоа добро се зачепува и се остава да отстои околу шест месеци. Најдобро е ликерот да се складира во шише од две или дури три литри, бидејќи ликер се добива нешто помалку од 2 литри.

Овој ликер е најував ако се прави со ракија од јаболко.