Фото и рецепт: Емилија Илијовска
Потребни состојки за тесто:
1кг брашно
500 мл јогурт
2 јајца
1квасец
1лажичка сол
½ лажичка шеќер
Фил:
3 главици кромид
3 големи компири
Сол,бибер,малку мешан зачин
Постапка:
Тестото се замесува и се остава да стаса. Потоа се дели на три дела,а од секој дел се раскукуваат по 4 мали парчиња.Секое парче се премачкува со растопен маргарин, па се расукува правоаголно.
На средината се става фил,се преклопува и уште еднаш се расукува.Потоа се сече на ленти и лентите се вртат во форма на спирала.
Се реди на плех подмачкан со маргарин.На крај се премачкува со жолчка,се поросува со сусам и се реди со мали коцки маргарин.Се пече во загреана рерна на 200 степени.
Филот се подготвува на следниот начин:
Кромидот ситно се сецка,се пропржува,потоа се додава компирот рендан,малку се пропржува колку да омекне.Се додава сол,бибер и мешан зачин.
Добар апетит!