Потребни состојки:
1 литар вода
32 чешниња лук
6 лимон
200 г мед
Постапка:
Лимонот исечкајте го на коцки или на тркалца, кулот на половинки или четвртинки, ставете во вода, загрејте до вриење и исклучете (не смее да зоврие).
Кога ќе замлачи, додадете го медот, лукот и лимонот изгмечете ги добро или ако сакате изблендирајте ги пред да го додадете медот, па сето добро промешајте го за да се изедначи. Јас користев миксер а може и блендер.
Смесата се чува во фрижидер.
Се зема по една лажица пред појадок.
На нет можете да најдете сличен рецепт, на пример како Лековита тинктура за чистење на крвни садови или Стар тибетски лек, но мене овој лек ми помогна, токму во овој сооднос. Велат дека е добар за сe’.