РУЧЕК ЗА 15 МИНУТИ: Тестенини во многу вкусен сос од тиквички, идеално брзо зимско јадење кое го правам најмалку 2 пати седмично. Рецепт на CooKing. Како што изгледа, такво е и на вкус, преубава паста во сос од тиквички…




Кога немам време после работа, најчесто кога сум втора смена, го подготвувам овој ручек кој буквално е готов за 15 минути. Децата прегладнети ме чекаат да се вратам, па наместо да останам во кујна час ипол, а понекогаш и 2 часа, одлучувам да го спремам ова за да не ме чекаат.




Потребни состојки: 150 г макарони (или шпагети), сол, вода за варење, 500 г тиквички (2 големи), 40 г сланина, 30-50 г рендан кашкавал (Гауда), оригано, црн пипер, 230 мл неутрална павлака и 1 чешне лук (а може и во гранули).




Постапка: Ставете ги макароните да се готват во солена зовриена вода колку што пишува на кесичката на пакувањето, отприлика 7-10 минути. За тоа време излупете и изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 3-4 минути да се исцедат од водата.




За тоа време исечкајте ја сланината на коцки и ставете да се пропржи на ниска кон средна температура во загреано тавче. Со повремено мешање пржете ја сланината додека да ја смени бојата и почне да го испушта убавиот мирис.




Потоа пржената сланина се префрла во чинија, а во истото тавче се става да се испржат изренданите тиквички во малку масло. Пред да ги ставите на пржење малку исцедете ги со рака за целосно да излезе водата од нив.




Доколку е потребно додајте уште малку масло каде што се пржела сланината. Зачинете ги со црн пипер и промешајте. Пржете на средна температура околу 5 минути додека да испарат вишокот течности.




Вратете ја сланината во тавчето со тиквички, додајте ја неутралната павлака ориганото и ситно сечканото чешне лук. Промешајте и додајте ги сварените макарони кои претходно сте ги процедиле од водата во која се вареле.




Состојките добро промешајте ги и додајте го изренданиот кашкавал и мешајте додека да се растопи и распореди. По потреба зачинете уште малку и послужете со шери доматчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт, кој сигурно ќе ве воодушеви – старо, подзаборавено јадење со тестенини:




А некој друг ден може да го пробате и следниов рецепт. Вкусно, малку подзаборавено јадење кое се приготвува од тестенини во сос од компири и кромид. Фото и рецепт: Дајана Џуричиќ – Моето омилено јадење, паста со кромид и компир.

Рецептот е навистина едноставен, а добивате превкусно јадење за ручек. Може да се приготвува и во посни денови доколку се користат тестенини без јајца. Се динстаат две главици кромид, па се додава малку црвена зачинска пипер во прав.

На страна се варат компирите, се посолуваат, а потоа се пасираат или се оставаат на коцкички. Тестенините посебно се варат, се процедуваат, па потоа сè заедно се соединува…и тоа е тоа. Многу вкусно јадење.

Потребни состојки: 500 г компири, 400 г тестенини (јувки, кори, макарони…), 1-2 главици кромид, малку масло, сол, црн пипер и зачини по вкус, малку црвена зачинска пиперка во прав.



Постапка: Компирот измијте го, излупете го и исечете го на коцки. Сварете го во вода со малку сол околу 20 минути или додека да омекне (внимавајте да не се превари и распадне). Потоа процедете го од водата и оставете го на страна.

Тестенините исто така се варат, се процедуваат и се оставаат на страна. Кромидот се сече ситно и се пропржува на малку масло. Се додава и малку црвен пипер. Сите состојки се соединуваат. Се посолува и зачинува по вкус. Се послужува топло.