Арсеније Јовановиќ, игумен на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, ги советува луѓето да внимаваат на својот изглед за да бидат привлечни за својот сопружник. Арсеније вели дека многумина „се дотеруваат и шминкаат“ само за време на запознавањето и додека се во предбрачна вpcка.
„А после тоа, толку… Повеќе не обраќаат внимание на себеси и буквално го запуштаат својот изглед. Жените се здебелуваат, не си ги средуваат фризурите… Мажите пуштаат стомак, нозете им смрдат, подригнуваат пред жената…а има и многу полоши работи“, вели игуменот.
Тој потсетува дека секој брачен другар треба да води сметка не само за сопственото здравје, туку и на и на изгледот, зошто од голема важност е да се остане привлечен за својот пapтнер, исто како и пред бракот.
Како што тој вели, честопати се случувало да доаѓаат жените кај него и да се жалат од своите сопрузи поради неверство. Јас и велам: „Па, дотерај се малку сестро.
Биди му малку привлечна на својот маж“, објаснува игуменот и вели дека работата врз себеси никогаш не треба да заврши. Бракот не треба се зема како нешто здраво за готово, туку тоа е мала црква која мора контуирано да се одржува и обновува.
Да се потсетиме, Арсеније Јовановиќ е монах веќе 30 години, а пред тоа ја завршил Третата белградска гимназија во 1975 година. Сакал да се запише на Академијата за ликовни уметности, но на наговор на татко му се откажал.
Дипломирал на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Белград во 1987 година. За време на студиите се бавел со музика и се дружел со најпопуларните белградски и југословенски рок музичари од тоа време, како Милан Младеновиќ, Бојан Печар и Маргита Стефановиќ, членови на групата Екатарина Велика (ЕКВ).
Арсеније отворено зборува за влијанието на дро-гата, особено на херо-инот, врз тогашниот свет на младите луѓе и како повеќето негови пријатели го загу-биле ж ивотот поради тоа.
Признава дека и самиот бил завис-ник и дека тоа е една од причините поради која често зборува за штет-носта на дро-гата. Повеќе за него и неговите учења можете да слушнете во видеото ОВДЕ.