Печено свинско филе со компири во кремаст сос, вкусна и едноставна идеја за ручек за целото семејство. Покрај тоа ова јадење може да го комбинирате со вашата омилена домашна салата и да уживате во богатиот вкус. Многу едноставно, брзо и со неколку основни состојки што ресичи секогаш ги имаме во куната.

Потребни состојки: 6 парчиња свинско филе, 1 голем кромид, 10 средни компири, 300 мл бел крем (хопла) 12%, 200 мл бел крем (хопла) 30%, половина чаша вода, 1 јајце, малку сенф и од зачини: сол, црн пипер, специјални зачини за свинско месо, морско оревче и малку масло за пржење.




Постапка: Лесно исчукајте го секое парче месо на дрвена даска со чекан за месо, наросете го секое парче со зачини по вкус. Потоа премачкајте со сенф од двете страни на секое парче и оставете да отстојат неколку часа во фрижидер, покриени со проѕирна фолија.

Овој чекор може да го направите од претходната вечер или наутро, а за ручек да го доправите останатото. Излупете ги компирите и исечете ги на четвртинки. Исечете го кромидот на полукругови. Во тава на врело масло од двете страни пропржете ги парчињата маринирано свинско филе додека фатат коричка.




По пржењето, наредете го месото во огноотпорен сад и околу него ставете ги компирите. Одозгора го ставаме кромидот. Кремот подгответе го на следниов начин: Ставете го кремот во тенџере, додајте ја водата, јајцето, лажичка сенф и зачинете по вкус (сол, црн пипер и морско оревче).




Темелно измешајте додека почне да врие, а потоа тргнете од рингла и прелијте го свинското филе со овој крем. Готовиот сад ставете го во претходно загреана рерна на 180 степении печете го покриено околу 1,5 час. Околу 15-20 минути пред крајот на печењето, го тргаме капакот од садот за да порумени одозгора. Подетално рецептот може да го погледнете ОВДЕ.




А доколку ручекот сте го испланирале со пилешко филе, може да го прочитате и следниов рецепт. Потребни состојки: 4 парчиња пилешко филе (околу 800 г), црн пипер по вкус, 3 лажички сув зеленчуков зачин (вегета), 200 мл вода, 2 лажици растопен путер (25 г), 2 чешниња лук, 1/2 лажичка оригано, 4 ленти шунка (100 г), 4 ленти кашкавал (100 г), 1 лажица маслиново масло.




Потребни состојки за похување/панирање: 80 г лебни трошки, 2 лажички мелена слатка зачинска пиперка и 2 лажици рендан пармезан. За прилог можете да подготвите компир кој ќе се пече заедно со месото или некој друг зеленчук по ваш избор.




Постапка: Едно по едно сите пилешки парчиња ставете ги во кеса и истенчете ги со чекан за месо. Потоа месото запиперете го и зачинете го со лажичка сув зеленчуков зачин од двете страни подеднакво (ако е многу солен зачинот, прилагодете го според ваш вкус).




Во едно тенџере ставете вода, 1 лажички сув зеленчуков зачин, растопен путер, ситно исечкано лукче и оригано. Ставете на оган да зоврие и варете неколку минути за да се ослободат вкусовите.




Смеса за похување: измешајте ги лебните трошки (презлата), црвената слатка пиперка во прав и рендан пармезан. Врз пилешката шницла ставете лента шунка и лента кашкавал, свиткајте и прицврстите со чепкалки за заби.




Приготвеното месо натопете го во приготвената зачинска течност од тенџерето, а потоа во смесата за похување. Добро обложете го парчето од сите страни. Похуваните парчиња наредете ги во намастен (со една лажица маслиново масло) огноотпорен сад или помал плех во кој ќе ги печете.




Остатокот од зачинската течност во тенџерето прелијте ја во месото, а по желба помеѓу месото наредете и крупно печени парчиња компир. Ставете да загрее во загреана рерна на 200-180 степени околу 30-45 минути, во зависност од вашата рерна. / Зокакро / Сооlinarika