Здраво на сите, јас сум Ана од Германија и сакам да ви го покажам мојот рецепт за многу вкусни и здрави колачиња за кои ви се потребни само четири состојки. Верувам дека овој рецепт досега не сте го сретнале никаде, па затоа запишете си го и испробајте го.




Постапката за приготвување е многу лесна и едноставна, а ќе ви одземе само пет минути од вашето време. Овие колачи освен што се многу вкусни, тие се и многу здрави, изобилуваат со диетални влакна и ја помагаат дигестијата. Немаат глутен, па можат да ги јадат сите оние кои проблеми со стомакот.




Моето семејство многу ги сака здравите десерти, но овие колачи им се омилени, Обично им ги правам навечер за да можат да ги јадат наутро. Поубави се откако малку ќе отстојат. Основната здрава состојка се кикириките кои се многу полезни, особено за оние со крвна група О, според мислењето на д-р Д-Адамо, но секако, корисни се за сите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 85 г кикирики, 85 г суво грозје, 1 јајце, 1 лажица мелено ленено семе. Ова се основните мерки, па доколку ви се допаѓа рецептот, зголемете ги соодветно количините на состојките и направете си повеќе колачиња.




ПОСТАПКА: Набавете сирови, несолени кикирики. Потребно е да ги истостирате, односно да ги ставите во сува тава и на умерена температура да ги пропжите додека малку да заруменат и да замирисаат убаво. Кога ќе се оладат излупете ги. Ако сте ги купиле лупени, тогаш само прескокнете го овој чекор.




Лупените кикирики измешајте ги со сувото грозје, па ставете ги во блендер и сомелете ги на неколку „пулса“ за да има и крупни и ситни парчиња. Во посебен сад изматете едно јајце со помош на жица маталка.




Мешавината од кикирики и суво грозје истурете ја во некој подлабок сад и прелијте ја со изматеното јајце. Промешајте добро за да се распоредат еднакво сите состојки. Потоа додајте една полна супена лажица брашно од ленено семе.




Ако немате брашно од ленено семе, едноставно сомелете го семето непосредно пред постапката. Уште еднаш убаво промешајте за да се изедначи смесата.




Со лажица црпете од смесата и редете во плех обложен со хартија за печење. Од оваа смеса излегуваат 6 големи колачиња. Со помош на шпатулата малку формирајте им го обликот.




Ставете ги во загреана рерна да се печат околу 20-25 минути на 140 степени. Печените колачиња извадете ги од рерна, но мора да ги оставите убаво да се оладат. Потоа можете да ги послужите и да се сладите со нив. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.