Рецепт на Домашни Рецепти. Вкусна погача, мека како душа, ја правев трипати за вечера. Полнета погача на посебен начин, многу сочна. Децата многу ја сакаат и цело време ми бараат репете.




Потребни состојки: 200 мл млеко, 1 лажица шеќер, 5 г сув квасец или 1 ќесичка, 4 лажици масло, 1 јајце, 360 г меко брашно, 1 лажичка сол или помалку, 150 г тврдо сирење, 150 г фета сирење, 150 г шунка, кулен, магдонос, оригано..




Подготовка на тестото: Во поголем сад се става 200 мл топло млеко, 1 лажичка шеќер, 1 ќесичка сув квасец, па се промешува. Потоа додајте 4 лажички масло, 1 јајце и повторно промешајте со рачна маталка.




Постепено додавајте 360 г меко брашно и мешајте со дрвена лажица до соединување. Посолете по желба. Јас додавам 1 лажичка сол и е таман според мене. Мешајте со лажица додека да се формира тесто, а потоа покријте го со памучна крпа и оставете да отстои 30 – 40 минути на собна температура.




По изминатото време, набрашнете ја рамната површина и префрлете го тестото на неа. Малку премесете го, но не многу бидејќи ова тесто не треба да се меси долго време. Во меѓувреме подгответе го филот.




Во еден сад соединете 150 г шунка, фета сирење и тврдо сирење. Јас додавам и сечкан кулен за посилен вкус, а покрај тоа од зачини ставам магдонос и оригано. Соединете се, па кога ќе се формира убава смеса, настрана тргнете 2 – 3 лажици од филот.




Тестото развлечете го рачно колку што можете повеќе, а на средина ставете ја топката со фил. Затворете го тестото од околу, за да го покриете филот и да се формира поголема топка од тесто. Развлечете го тестото така што ќе биде отприлика колку вашата тава.




Тавата премачкајте ја со малку масло, а потоа во неа ставете го тестото и уште малку развлечете го доколку малку ви се собрало. Врз тестото премачкајте со едно јајце, па наросете со преостанатиот фил кој претходно го тргнавте настрана.




Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути, но после 20 минути повремено проверувајте ја погачата, во зависност од тоа колку ви е силна рерната. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ. Joгуртна погача мирисна и мека, лесна за подготвување на сите домаќинки. Потребни состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша, 50 г квасец, 200 мл вода, 2 лажици шеќер и 2 лажици сол, брашно по потреба (700 / 800 г), сусам на наросување, 150 г маргарин / путер.




Постапка: Квасецот и шеќерот ставете ги во млака вода, па промешајте и оставете квасецот да се активира. Во брашното додајте јајца, сол и јогурт и уште недојдениот кцасец па замесете тесто.

Оставете да одмори околу 5 минути, па развлечете во голем правоаголник, тенок околу 5 мм. Премачкајте со путер или маргарин па свиткајте во ролат. Исечете го ролатот на дебелина 4 – 5 цм.

Парчињата редете ги во тркалезен сад за печење, па оставете да кисне додека да се удвои тестото. На врв од секој ролат ставете малку путер па наросете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека да зарумени. Печенета погача завиткајте ја во сува крпа додека малку да излади.