Одличен предлог за вечера е оваа пита со. варени кори и три вида сирење. Сите ја обожаваме гибаницата, но овојпат пробајте ја приготвена според овој рецепт и ќе бидете воодушевени. Воопшто не е сложена постапката, само треба да го замесите тестото со јајца, да развлечете неколку кори и потоа да ги сварите по една минута.
Потоа една минута се префрлаат во ладна вода, па следно се редат и филуваат нешто случно како лазањите, но овојпат ги направивме со три вида сирење. Секако, вие можете да употребите и некој друг фил, како што е мелено месо и да да ја послужите питата за ручек. Оваа пита е толку сочна што буквално се топи во уста. Сите ќе ви бараат рецепт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 50 мл вода, 1 лажичка сол, 650 г брашно. ЗА ФИЛ: 300 г овчо сирење, 300 г моцарела, 300 г кашкавал/тврдо сирење и 150 г растопен путер.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад за матење скршете ги шесте јајца, посолете и изматете ги пенасто со жица-маталка. Потоа додајте вода и и постепено започнете да го додавате брашното.
Целото брашно ќе се впие во јајцата за што е потребно да месите неколку минути додека тоа да стане компактно. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го 10-тина минути во фрижидер да одмори. Потоа истресете го тестото на работна површина (не треба да додавате уште брашно, тестото е тешко, но добро се работи).
Поделете го на осум еднакви делови. Од секој дел формирајте топче. Потоа, со помош на оклагија развлечете го секое топче во колку што можете потенка кора која треба да биде поголема од тавче со димензии 35х20 см. Корите ќе се редат во тавчето наборани.
Потоа подгответе се за следниот чекор – готвење на корите. Во едно тенџере ставете вода на оган да зоврие, а во друг длабок сад ставете ладна вода и поставете го во близина на шпоретот. Од вкупно осум кори, само седум треба да се зготват на следниот начин:
Земете една тенко развлечена кора и спуштете ја во врелата вода да се вари точно една минута. Извадете ја со решеткаста лажица и веднаш спуштете ја во садот со ладна вода. Ова повторете го со сите седум кори. Повремено ладната вода може да ја замените со нова, свежа вода, ако сметате дека не е повеќе ладна.
Исцедените кори редете ги во посебен сад. Тепсијата намастете ја, па наредете една кора гужвано и премачкјате ја со растопен путер. На ист начин наредете уште две кори (вкупно три на дното), а потоа ставете мешавина од рендано сирење и кашкавал.
Редете кора-фил, додека да стигнете до шестата кора. Врз неа поставете ја седмата, исто така премачкана со путер. Последната осмата (која не се вареше) поставете ја растегнато одозгора а краевите подбутнете ги внатре.
Потоа исечете ја питата на напрчиња и премачкајте ја со растопен путер. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Повторете ги засеците и послужете. деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.