Јелена Шарац е позната по тоа што испробува нови работи кои се споделуваат на Интернет и проверува дали навистина функционираат како што се тврди. Овојпат таа го испроба методот за чистење на мијалник со помош на паста за заби.




Методот функциниора со каква било паста за заби, но препорачливо е таа да биде „за белеење“, бидејќи содржи повеќе сода бикарбона во себе. Како што на сите им е познато, мијалниците се најчисти и најсјајни кога се нови, штом првпат ќе се постават.




Меѓутоа, со текот на времето на иноксот се појавуваат ситни гребаници кои оставаат впечаток на „валкан“ мијалник, колку тој и да е чист. Ако им се придодадат и малите дамки од бигорот, мијалникот добива изглед кој е далеку од оној новиот и сјаен инокс каков што бил кога првпат се поставил.




„Секој дома има паста за заби, но повеќето луѓе ја користат исклучиво за миење на забите, што е сосем нормално и разбирливо“, вели Јелена. „Овојпат ќе ја тестираме пастата за заби на мијалникот за да откриеме каква дополнителна корист може таа да има.




Мијалникот треба редовно да се чисти и после секое миење садови да се пребришува. Меѓутоа, сепак остануваат видливи дамки. Ако сакаме површината на не‘рѓосувачкиот челик повторно да заблеска, во тоа ќе ни помогне една паста за заби и еден чист сунѓер за миење садови.




ПОСТАПКА: На сунѓерот ставете малку паста за заби, па нанесете ја насекаде врз површината на мијалникот. Оставете да делува 20 минути.




По изминатото време натопете го сунѓерот и добро истријте ја мијалникот со кружни движења. Ќе забележите дека пастата ќе се запени како детергент. Ова дополнително го зголемува ефектот за враќање на сјајот на површината.




Потоа избриешете и неколкупати поминете со влажна крпа за да се отстранат остатоците од пастата за заби. на крај завршете со крпа за гланцање.




Ќе забележите дека површината добива висок сјај. Јас сум навистина многу задоволна“, вели воодушевено Јелена во нејзината презентација која можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.