Маст, леб и црвен пипер – јадење деликатес од нашето детство. Маст, леб и црвен пипер беше јадење деликатес од нашето детство, маста се јадеше и како лек и како храна. Постарите генерации знаат за ова јадење во времиња кога не постоеја толку предрасуди за користењето на маста во кујната, здравјето, па и во козметички цели.




Секој има право на избор и мислење дали ќе ја користи маста или не. Сите ние како деца барем еднаш сме го пробале ова јадење кое додека трепнеш ни го приготвуваа нашите баби. Без разлика дали тоа беше топол леб, погача или ладен леб, сосем беше неважно.




Парчето леб намачкано со маст, посолено и наросено со црвен пипер во прав или буковец ни беше вистински деликатес со кој истрчувавме на улица да си играме…немаше ништо послатко. Маста испрана во девет води е добро познат лек кој им се става на децата во нос, а кај возрасните исто така помага при затнат нос или бронхитис.




Од маста се приготвуваа и разни креми за сува кожа и разни билковни мевлеми. Најубавата храна се приготвуваше со маст: печени компири, зелници, пити, ванилици, разни колачи… Се користеше домашна маст, а не индустриска, што е многу важно.




Многумина можеби ќе речат „фуј”, а други можеби ќе yживаат во видеото и ќе се потсетат како некогаш се јадеше… Оние што боледуваат од т ешки заболувања, секако маста треба да ја одбегнуваат. Во секој случај, не треба да се претерува, туку да се биде умерен. Сите детали можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. A во продолжение прочитајте какви се препораките на докторот:




ПРОЧИТАЈТЕ – Српски доктор советува: Давајте им на децата да јадат маст, сирење, ајвар, мачкајте им леб. Што било, само не благо. „Во последно време диетите станаа многу п опyларни, но тие и натаму не се здрави и не се советува нивна примена”, вели проф. д-р Дејан Чубрило, физиолог.




„Апсолутно не верувам во диетите. Не ми е нормално некој за десет дена да изгу-би голем процент масти. Црниот дроб е многу важен о рган, тој ја грее кр-вта. Кр-вта е клучна за нашиот организам, а диетите лошо влијаат врз функционирањето на црниот дроб, а со самото тоа и на лошото функционирање на организмот.




Сè е во исхраната”, вели Чубрило. Тој смета дека сите во Србија (и на Балканот, воопшто) јадат повеќе отколку што им е потребно. „Ние живееме од нашите масти, доколку имаме услов да ги топиме. Сè што ќе изедете, треба и да потрошите, односно мастите да ги претворите во мускули и здрава енергија”, вели овој физиолог.




Експертот додава дека нема врска колку често вршите нужда, со тоа колку ви е брз метаболизмот, бидејќи честите излегувања во тоалет значи дека не ви функционира организмот како што треба, па сè што ќе изедете само ќе ви помине низ организмот.




„Нашите деца јадат премногу, јадат често и тоа храна која го подига инсулинот. Тоа е магичен круг кој на крајот резултира со задржување на вода. На децата давајте им да јадат масти: сланина, сирење, полномасно сирење, кајмак, ајвар, мачкајте им леб…




Не мора лебот да биде интегрален, каков било, обичен леб, подобро што било, отколку да им давате слатки”, вели Чубрило, констатирајќи дека во детската возраст маста го храни организмот. „Доколку детето има нормален раст и исхрана, се создава здрав организам и сите о ргани функционираат како што треба.

Затоа можат да изедат и нешто нездраво понекогаш, не треба ништо да им се забра-нува да јадат”, вели експертот и додава дека секоја диета со која спречувате голем внес на храна – е корисна диета. Телото треба да се осло-боди од вишокот вода.

„Треба да се гу-бат водата и гасовите од диетата, а не мастите”, вели физиологот. „Кој не ја вари добро храната, има гасови, што создава нер-воза и пси-хички проблеми, се бло-кира целиот организам, значи некоја диета можеби делува на гу-биток на ки-лограмите, но таа предизвикува многу поголеми проблеми во организмот. Секој оној кој е гладен има пореметување во организмот”, заклучува Чубрило.