Рецепт за совршено печиво, однадвор со сусам и крцкаво, а одвнатре неверојатно меко. Состојката која се додава во тестото (оцет) прави кифлите да бидат вкусни и мирисни како од пекара, а и подобро. Во прва пригода пробајте го рецептов!

Потребни состојки:

1 кг брашно

40 г свеж квасец

200 мл топло млеко

200 мл топла вода

150 мл масло

2 лажици оцет

1 ½ мали лажички шеќер

1 ½ мали лажички сол

За фил:

200 г ситно сирење

100 г фета сирење

100 г рендан кашкавал

Сол ако е потребно (ако сирењето не е солено)

За премачкување:

500 мл вода

3 лажици мед (или мармелада, а според оригиналниот рецепт треба малтекс, но ова е совршена замена)

300 г сусам +-

Постапка:

Квасецот издробете го, додадете млеко и шеќер, промешајте. Потоа додадете масло, вода и четири шолји брашно. Во брашното додадете сол и започнете да месите. Треба да добиете поретко тесто, без грутчиња и потоа продолжете со додавање на брашно додека да формирате цврсто тесто.

Оставете да отстои околу 30 минути, па поделете го на 16 помали делови, секое делче премесете го и оставете го да одмори 5-10 минути.

Со прсти развлечете во величина на помала чинија (десертне), на средина ставете лажица од филот, па спојте го тестото и затворете го со притискање (погледнете го видеото).

Секое полнето тесто потопете го во вода помешана со мед, наросете обилно сусам и редете на тепсија.

Со кујнски ножици засечете по средина да се направи дупла и да се види сирењето.

Печете во загреана рерна на 220 степени додека добро да зарумени.