Во есен кога почнуваат плодовите на дивиот костен да паѓаат, прошетајте низ парк и соберете костени. Не само што ќе подишете чист воздух, туку и ќе го раздвижите ’рбетот, а ќе направете одличен лек за разни спортски повреди кој не можете никаде да го купите!

Потребни состојки:

30-тина поголеми диви костени

3 гранки рузмарин (должина околу 20-25 см)

1 литар силна ракија

10 таблети АНДОЛ 100 (некои не ги користат, но доколку ги додадете, лекот добива и силно дејство против болки)

ОБЛОЗИ – ПОСТАПКА

Гранките од рузмарин искршете ги на помали парчиња. Костените убаво измијте ги и исечете ги на помали парчиња, притоа внимавајќи да не се повредите бидејќи плодот на дивиот костен е доста тврд.

Таблетите изронете ги, па сите состојки заедно ставете ги во шише, прелијте со ракија и повремено промешувајте.

Лекот е готов кога течноста ќе добие темна боја.

Се користи при болки во мускули, после спортски повреди, истегнати лигаменти или за масажа. Може да се користи течноста при масажа или да се прават облози кога треба да делува подолго време на повреденото место.