На сите ни е познато дека сода бикарбоната има широка употреба, а исто така и оцетот. Но, кога се соединат заедно, добиваме вистинска хемиска лабораторија за создавање на совршено средство за чистење.

Ајде да се потсетиме на неколку примени на сода бикарбоната во кујната:

ФРИЖИДЕРОТ и замрзнувачот повторно ќе заблескаат ако ги исчистите со влажна крпа и сода бикарбона. На тој начин се елиминираат и непријатните мириси.

КАНТА ЗА ОТПАДОЦИ – истиот ефект го има доколку во кантата наросите сода бикарбона пред да ја ставите вреќата.

ОДВОД – ставете околу 100 г сода бикрбона во одводот, а потоа прелијте со половина литар зовриена вода. Дополнителна „сила“ ќе даде и алкохолната киселина.

СРЕБРЕН ПРИБОР – направете паста од вода и сода бикарбона во однос 1:3 па премачкајте го секој предмет посебно. Исперете со топла вода, па избришете со сува крпа за сјај.

МАСНИ ДАМКИ – прелијте со сода бикарбона и исчистете со влажна крпа.

РЕРНА и ШПОРЕТ – со помош на ова генијално средство шпоретот ќе ви биде како нов и тоа без мака – во еден потег!

За оние кои не сакаат да ја чистат рерната, ова е совршен препарат, а за него ви се потребни само три состојки:

Вода, сода бикарбона и малку алкохолна киселина. Некои додаваат и малку течен детергент.

Постапка:

Во керамички сад ставете половина шолја сода бикарбона, а потоа во неа додадете малку вода и 2-3 лажици оцет. Со дел од смесата натопете ја рерната, а остатокот оставете го 45 минути на 100 степени во рерната.

Потоа, колку и да ви е валкана рерната, со леснотија ќе ја исчистите и тоа само во еден потег!

Шпоретот ќе ви биде како нов! За детално упатство погледнете го видеото: