За да ја заштитите вашата машина од брзо расипување, треба да внимавате што ставате во неа. Најчесто домаќинките не би можеле да функционираат без машината за перење, бидејќи навистина е од голема помош, но кога таа ќе се расипе, нејзината поправка може да чини многу.




Превентивното одржување на чистотата на машината за перење алишта може значително да го продолжи нејзиниот рок на траење, и тоа за неколку години. Се што треба да направите е да одвоите 15-тина минути во месецот, за вашата машина да заблеска како нова.




Доколку машината за перење е нечиста, тоа ќе влијае и на „испраната“ облека. Во машината се собира многу нечистотија, заглавени конци, а сето тоа ја оште-тува гумичката, се формираат дамки на преградите, а понекогаш и мувла.

Валканата машина не ја пере убаво облеката, а тоа ќе го забележите и по непријатниот мирис на алиштата кои ќе мирисаат на влага после перењето. За да се осло-бодите од нечистотијата, потребно е да одвоите само 15-тина минути секој месец.




Исто така, во пределот каде што се става прашок, најчесто се акумулираат бактериите, остатоци од прашокот и омекнувачот.. Сè што треба да направите е во некое старо шишенце со прскалка да ставите со ал-кохолен оцет кој ќе ги дезинфицира сите нечистотии во машината.

Извадете ја преградата каде што ставате омекнувач и прашок и внатрешноста на машината испрскајте ја со ал-кохолниот оцет. Оставете да отстои 10-15 минути додека да го измиете извадениот дел за прашок под чешма.




Средниот дел извадете го и длабински исплакнете ја преградата со млаз вода. Потоа испрскајте ја и со оцетот и со стара четкичка за заби, истријте ги нечистите делови. Истото направете го и средниот дел, добро исчистете го, а потоа вратете го во преградата.

Местото кое што го испрскавте со оцет, односно каде што стои преградата за прашок, пребришете го темелно со крпа, а потоа вратете ја преградата на место. Сега преостанува уште да ја исчистите внатрешноста на машината.




Внатре во машината истурете поголема количина ал-кохолен оцет, а потоа затворете ја вратичката на машината. Во делот за омекнувач исто така ставате ал-кохолен оцет, а во пределот за прашок ставете сода бикарбона, во иста количина како што би ставиле и прашок за перење.




Пуштете ја машината на 90 степени и оставете да се дезинфицира од сите нечистотии. На овој начин, може да го отстраните и каменот кој се формирал во внатрешноста. По перењето, ја отворате вратичката и неа ја пребришувате со ал-кохолен оцет.




На овој начин ја чистите машината еднаш месечно. Облеката секогаш ќе ви биде чиста, доколку и машината е чиста. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ, а во продолжение прочитајте и уште еден начин на чистење на веш машината со лимонтус.




Потребни состојки: течно средство за чистење (пожелно да содржи хлор) сунѓер (кој после треба да го фрлите, значи не мора да биде нов), ракавици, 25 г лимонтус.

Постапка: Првиот чекор во бор-бата против мувлата е обично пребришување со хартиено марамче на внатрешноста од машината, за да се ослободите од наталожената нечистотија.




Потоа, нанесете било какво средство за чистење (што содржи хлор) врз гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи. Затворете ја вратата и оставете два часа да делува. Потоа, во преградата за прашок ставете лимонтус и вклучете ја машината на највисока температура.




После оваа постапка, вашата машина за перење алишта ќе заблеска како нова. Повторете ја процедурата по потреба, за еден месец, за конечно да се ослободите од остатоците од мувлата.