Уште еден убав рецепт од прекрасната Дани која секогаш ни презентира брзи и едноставни јадења, а пред сè многу вкусни. Овојпат тоа е едно вкусно јадење кое се приготвува со готово лиснато тесто кое можете да купите од секоја самопослуга или супермаркет.
Правењето на лиснато тесто е долготрајно, бидејќи треба да се дипли неколкупати и да отстојува во фрижидер, но затоа, за среќа, секогаш може да се купи и готово со што постапката значително се скратува. На тестото додајте фил од кашкавал и јајце и ќе го добиете ова прекрасно јадење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г лиснато тесто, 200 г кашкавал и 1 јајце. Постапка: на работната површина отворете ја кората од лиснато тесто. Ако не е во вид на кора, тогаш поставете уште еден лист хартија врз него, па со помош на оклагија развлечете го колку можете потенко.
Во посебен мал сад разматете едно цело јајце, па со помош на силиконска четка премачкајте ја кората преку целата нејзина површина. Потоа на едната страна од кората обилно нанесете рендан кашкавал.
Со помош на хартијата под кората, подигнете го едниот крај и поклопете го филот, пака да добиете правоаголен „сендвич“ исполнет со кашкавал.
Притиснете со прстите за да се залепат краевите на кората, за да не претекува кашкавалот во текот на печењето.
За да се осигурате дека краевите се залепиле, уште еднаш притиснете со виљушка. Со помош на друг лист хартија, превртете го тестото и повторете ја постапката со виљушката.
Ставете го во соодветен огноотпорен сад за печење, заедно со хартијата, па одозгора премачкајте го со остатокот од јајцето.
Одозгора повторно наросете кашкавал и рамномерно распоредете го. За филување и наросување одозгора врз печивото, вкупно ќе биде потребено приближно 200 г рендан кашкавал.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, додека да добие убава румена боја.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.