Феноменално меки и вкусни ванилици кои мојот внук ги обожава. Од истото ова тесто може да се прават и познатите „праскички“, излегуваат супер, само што после печењето треба да ги полните со некој фил по ваш избор – Дубичанка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 3 жолчки, 315 г путер/маргарин, 210 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер и џем од кајсии за мачкање, а шеќер во прав за наросување.
ПОСТАПКА: Најпрво со миксер изматете ги жолчките заедно со шеќерот додека да стане пенасто како крем, а потоа додајте го омекнатиот маргарин на собна температура, претходно исечкан на чистови.
Одвојте 100-тина грама брашно, а останатите 500 г додајте ги во смесата. Истресете на набрашнета работна површина и малку измесете го тестот со рака додека да стане компактно. Потоа оставете го во фрижидер да се олади и стегне околу половина час.
Изладеното тесто развлечете го со оклагија во кора со дебелина од околу 1 см, па со мала модла или капачи вадете ги ванилиците и редете ги во тепсија/плех. Печете ги во загреана рерна на 180 степени само колку малку да заруменат. Треба да останат светли.
Кога ванилиците ќе се оладат, спојувајте ги со џем од кајсии и валкајте ги во шеќер во прав. Од истото тесто се приготвуваат и „праскички“ кои откако ќе се спојат се обојуваат со прехрамбена боја и се валкаат во ситен кристален шеќер. / Дубричанка / Сооlinarika.com. Следниот рецепт е омилениот на читателите на НМД.мк:
Потребни состојки за 60 ванилици: 200 г шеќер во прав, 1 мешунка ванила исечена на парчиња, 300 г маст, 250 г шеќер кристал, 1 јајце, 2 жолчки, 1 лимон – сок, 1 лажичка ситно рендана кора од лимон, 250 г мелени ореви, 600 г брашно и џем од кајсии или шипки за спојување на ванилиците
Постапка: неколку дена пред да ги правите колачињата, помешајте го шеќерот во прав со исечената мешунка од ванила и затворете го во лимена кутија со капак. На тој начин ќе добиете ванилин шеќер. Во еден сад изматете ја маста со кристалниот шеќер (обичен шеќер) додека да добиете крем. Додека матите додајте јајце, жолчки, лимонов сок и лимонова кора.
Додајте мелени ореви и брашно, па матете додека да добиете изедначено тесто. Покријте го и ставете го на ладење во фрижидер најмалку три часа или најдобро преку ноќ. Загрејте ја рерната на 160 степени доколку има вентилатор, а ако печете во обична рерна тогаш на 180 степени.
Ставете го тестото на добро набрашнета површина и развлечете кора со дебелина од околу половина центиметар. Обложете два плеха со хартија за печење и со помош на мала модла вадете ванилици и редете ги на одредено растојание. Печете ги околу 12 минути, така да останат бели.
Оставете ги да изладат во тепсијата околу 5 минути. Потоа префрлете ги на решетка или рамна површина додека целосно да изладат. Кога целосно ќе бидат изладени, секој колач намачкајте го со џем и поклопете го со друг колач.
Секој добиен сендвич добро извалкајте го во ванилин шеќер. Ванилиците редете ги во лимена кутија и почекајте 1-2 дена пред сервирање.
Во 2015 година овој рецепт на Александра за нејмеките ванилици – беше прогласен за најдобриот празничен рецепт од страна на Познатиот сајт за храна Food52. Вреди да си го запишете и да го имате секојпат кога ќе помислите да ги правите овие вкусни страински колачи.