Потребни состојки:
20 г свеж кавасец
500 г брашно
250мл млеко
50 мл масло
1 лажиче сол
½ лажиче шеќер
фил за премачкување:
200-250 г дробено сирење
70 г путер, растопен
За премачкување -1 јаце , семки од сусам, лен…
Подготовка:
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно да се активира. Потоа во садот ги додаваме солта, маслото и постепено од брашното.
Замесуваме мазно не лепливо тесто.
Го покриваме нека одмори 15 минути.
Потоа од цело тесто сучиме голема правоаголна кора. Во еден сад го растопуваме путерот на оган и го додаваме дробеното сирење.
Со овој фил, со половина количина ја премачкуваме кората.
Повторно сипувам пола од остатокот и ја премачкуваме со филот. Преклопуваме уште еднаш.
Сега повторно сучиме голема танка, правоаголна кора, од која сечиме танки ленти, долги по 10 цм, а широки по 1-1,5 цм. Со раце виткаме како спирали и ги редиме во плех.
Одозгора ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме семки по сопствен вкус.
Печеме околу 15 минути во загреана рерна.