Нашите баби овие превкусни јуфки ги правеа на старински начин, ги развлекуваа тенко корите со помош на оклагија и cyкало, а ги сечеа на лентички со помош на нож. Денес ги правиме нешто слично, само што имаме помошнички-машинки кои наместо нас ги развлекуваат тенки корите, а потоа ги сечат лентичките. Споделете го вашиот рецепт во коментар.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2,5 кг брашно, 1 лажица сол, 10 јајца (средна величина), 350 мл млако млеко (+- зависи колку впива брашното). ПОСТАПКА: Во брашното се става една лажица сол и се промешува. На страна се матат 10 јајца и им се додава 350 мл млако млеко.

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




Од состојките се замесува тврдо тесто кое потоа се дели на четири делови за полесно да се изработи. Секое топче убаво се размесува додека да се појават дупчиња во тестото. За ова потребно е навистина доста добро да се измеси.

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




Потоа измесените теста се ставаат во најлонско кесе да отстојат половина час. Секое се развлекува во правоаголна форма или во форма на векна и се сече на парчиња кои можат да се опфатат во машинката со валјаци за кори.

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




Секое парче се поминува низ машината низ три броја, прво најшироко, па средно и на крај најтенко за да добиете тенка кора. Ова е потребно да се направи за да се кинат корите доколку веднаш се провлечат низ најтенкиот валјак.

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




Корите се редат врз чист чаршав и кога малку ќе засушат да не се лепат, но да не бидат ниту премногу суви, се сечат повторно со машината и лентите од јуфките убаво се распоредуваат за да се исушат.

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




Сувите јуфли се чуваат во платнени вреќи и се конcyмираат во текот на една година. Рецепт и фотографии на Дитка Чавлевска. Прочитајте го и вториот рецепт за домашни јуфки од тесто кое се приготвува од 30 јајца:

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 јајца, 4,5 кг брашно, 500 мл млеко и 2 мали лажички сол. ПОСТАПКА: Јајцата, млекото и солта се матат со жица-маткалка околу 5 минути, колку да се соединат. Во поголем длабок сад се ставаат 4 кг брашно и постепено се долева течната смеса со јајца.

Домашни јуфки (Фото и рецепт: Ditka Cavlevska)




Доколку има потреба се додава уште брашно за да се добие средно тврдо тесто. За полесно да се работи, тестото се дели на 2 или 4 дела. Убаво се меси и се остава да отстои половина час. За да не се исуши се покрива со најлонска фолија или кеса.




Потоа се зема дел од тестото се прави како ролат и се сече на парчина со дебелина од 3-4 цантиметри. Од пошироката страна се потсплескуваат со дланката и малку се валкаат во брашно за да не се лепат. Се поминуваат на машина за кори со соодветна промена на бројките за да добиете што е можно потенки ленти ( на 2, 4, 5 и 7).

Се редат на сушалка под која има поставено чаршав, бидејќи како се сушат, почнуваат да паѓаат. Се собираат корите и се оставаат да се сушат на собна температура неколку дена. Од време на време се превртуваат и се кршат. Се собираат во соодветни платнени торби или вреќи и спремни се за приготвување на вкусен оброк, особено во зимскиот период.




Совет: за полесно и побрзо да ги направите, најпрвин вртете на една бројка и корите редете ги на маса на која имате наросено брашно, а потоа на следната бројка, сè додека да ги извртите на последната и да ги ставите да се сушат. Ова се прави за да се скрати времето, односно да не ги менувате бројките за секоја лента посебно.