MAЛИ СУСАМ ПОГАЧИЦИ ПО ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ, готови се за 30 минути. Многу вкусни погачици кои ги правам секој викенд. Понекогаш на децата им подготвувам сендвич за на училиште со нив, а остануваат меки и по неколку дена.




Потребни состојки: 150 мл млеко, 40 мл вода, 40 г путер, 1 лажица кристал шеќер, 2 лажици квасец, 1 белка од јајце, 370 г брашно, 1 мала лажичка сол. За премачкување: 1 жолчка, 1 лажица млеко, сусам, ким за наросување.




Постапка: Измешајте го брашното со сите суви состојки. Загрејте ги млекото, водата и путерот до состојба пред вриење додека се млаки, а потоа додајте ја млаката течност во сувите состојки (не смее да биде врела, туку млака за да може да го активира квасецот).



Додајте ги белките од јајце, и сето тоа добро измешајте го со лажица за да се соедини. Тестото малку замесете го со рака, па оставете го настрана да се удвои покриено со проѕирна фолија.




Подгответе плех обложен со хартија за печење. Размесете го малку тестото со додавање на брашно по потреба, развлечете го со дебелина од половина прст и поделете го на 12 еднакви делови.




Формирајте мали топчиња како погачици и редете ги во плехот. Топчињата покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да одморат околу 20 минути. Вклучете ја рерната да се загрее до 190 степени. Секое печиво премачкајте го со мешавина од жолчки и млеко, посипете со семки по желба и печете 20-25 минути.




II РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 600 г брашно, 200 г кисело млеко, 200 мл млеко или вода, 20 г свеж квасец, 1,1 / 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 3 лажици масло, 1 белка од јајце. За премачкување: 1 жолчка, 1 лажица вода, 1 лажица масло.




Постапка: Растворете го квасецот во малку млеко или вода (во зависност од тоа што ќе изберете за користење), малку брашно и шеќер и оставете да нарасне. Кога квасецот е готов, замесете го тестото со додавање на преостанатите состојки, а потоа оставете го двојно да го зголеми волуменот.

Потоа тестото поделете го на еднакви мали топчиња и повторно оставете ги да нараснат со тоа што ќе ги покриете со кујнска крпа или проѕирна фолија/кеса за да не се сушат.




Во тенџере ставете да зоврие вода, земете едно од топчињата со тоа што ќе направите дупка во средината со вашата рака (да се формира ѓеврек). Оставете да се вари вкупно 4 минути, по 2 минути од секоја страна, а потоа печивата веднаш редете ги на намастен плех.




Измешајте една жолчка со лажица вода и масло, премачкајте ги веќе сварените ѓевреци, одозгора наросете сусам и печете околу 15 минути, на 180-200 степени. Забелешка: Можете да ги наросувате ѓевреците со какви било семки по ваш избор: сусам, ким, буковец – со сусам ни се најубави, а со буковецот малку ќе се олутите.




Исто така, во водата во која се варат ѓевреците може да додадете една лажичка сода бикарбона за да бидат уште покрцкави и поубави, исто како „баварските“ печива. Јас ги послужувам со јогурт или топол компот. / Coolinarka.com

сусам погачици
Cусам погачици