СТАРЕЦОТ ПАЈСИЕ: Еве како треба да се спроведе вечерната молитва во семејството, кој треба да учествува во неа и што треба да прават малите деца за тоа време. Старецот Пајсие Светогорец е еден од најзначајните луѓе во христијанството во 20-от век.
Тој официјално бил канонизиран на 13-ти јануари 2015 година, а неговото постоење се прославува 12-ти јули по новиот календар, односно 29-ти јуни по стариот. Покрај тоа што канонизацијата за официјално признат светец била во 2015 година, голем број на православни христијани од Грција, Русија и Србија го сметале за светец и пред прогласувањето.
Во едно од бројните толкувања на православниот живот во семејството, старецот Пајсие зборува за местото на молитвата во семејството. На прашањето, дали целото семејство треба да учествува во вечерната молитва, тој одговорил вака:
„Возрасните треба да се однесуваат достоинствено. Треба да ги читаат молитвите пред спиење, а на малите деца треба да им се каже: „Ако сакате, останете малку.“ Ако децата се малку постари, семејството може да им објасни на децата за традицијата и да ги замолат да постојат 2 – 5 минути со нив, а потоа онолку колку што сакаат.
Ако нивните родители ги натераат да ги читаат молитвите пред спиење, може да им биде здодевно. Децата не треба да бидат принудени, бидејќи сè уште не ја разбираат моќта и вредноста на молитвата.
Родителите, на пример, можат да јадат грав и месо, или било каква света храна. Но, кога детето сè уште пие млеко, дали родителите ќе му речат да јаде месо, бидејќи е добро за здравјето?
Можеби е добро за организмот, но малото дете не може да ја свари оваа храна. Истото е и со молитвата. Затоа првично му давате на детето малку сок од месо, за да посака да го јаде по вторпат.”
,,Aко се многу уморни или болни, не се форсирајте да стоите и да ја кажете целата молитва, доволно е да споменете половина од молитвите пред спиење, или барем да си кажете едно „Оче наш.“
Никогаш не ја пропуштајте молитвата, макар и тоа да е еден збор. Тоа е како вoj-нa. Ако се најдете на рид опкружен со не-пријателот навечер, ќе испу-кате неколку кyp-шyми за да го исплашите не-пријателот за да не ве нa-пaднe.
На ист начин, кажете си два – три збора од молитвата, за да се ис-плаши и да си замине „изопа-чениот“ (старецот Пајсиј често го користел ова име за ѓа-волот). Молитвата има голема моќ во семејството.
Познавам двајца браќа кои успеале да ги спа-сат своите родители од развод, кои имале големи проблеми во нивната врска, но не само тоа, туку и повторно да се заљубат. Нашиот татко често ни велеше: „Не знам што правите по цел ден, но двапати дневно ќе треба да му дадете ,,извештај” на Бога, да знае дека сте помислиле на него.
Се молевме пред иконите секое утро и секоја вечер, сите заедно: татко, мајка и деца, и на крајот правевме метанија пред Христовата икона. Ако имавме проблем во семејството, сите заедно се молевме да се реши.
Се сеќавам, еднаш нашиот најмлад брат се разболе, татко ни ни рече: „Дојди, да побараме од Бог брат ти да оздрави.” Сите се молевме заедно и нашиот брат се излечи. Но, секогаш сите седевме заедно на масата.
Секогаш прво се молевме и ја благословувавме трпезата и дури потоа започнувавме да јадеме. Сметавме дека недостатокот на молитва е заблуда. Кога некој си доаѓа дома кога сака и јаде сам, без посебна причина, тоа претставува рас-пад на семејството.