„Здраво, јас сум Марија од Грција, а со вас сакам да споделам еден многу интересен грчки десерт. Според нашата позната медитеранска кујна, овој десерт се нарекува Галактоборекакиа со екстра кадифен крем и цимет.”




За македонското име не сме сигурни, но тоа е најмалку важно бидејќи овој спектакуларен десерт изгледа превкусно, а одлично би било да ги изненадите вашите сакани и гости со нешто ново, непробано и поразлично.




Во Грција, овој десерт го држи првото место. Станува збор за старински колач, кој е познат уште од времето на нашите баби и дедовци. Целата постапка е објаснета во текстот подолу и има видео прилог за повеќе детали.




Има сличен вкус на баклавата, но повкусно е и покремасто. Внатрешноста се полни со сочен крем, а одозгора се декорираат со друг. За подготовка на кремот ќе ви биде потребно: 4 јајца, 200 г шеќер, 1 литар млеко, 1 лажичка екстракт од ванила, 150 г гриз, 100 г путер.




За кората ќе ви бидат потребни следниве состојки: 500 г тенки „грчки“ кори, 300 мл растопен путер. Доколку не можете да најдете специјални „грчки кори“, може да користите за баклава, тенки.




За шербет: 700 г шеќер, 400 мл вода, 1 стапче цимет (опционално), сок од половина лимон. За прелив: 2 жолчки од јајце, 250 мл млеко, 50 г шеќер,25 г
пченкарен скроб, 1 лажиче екстракт од ванила, 25 г ладен путер.




За подготовка на кремот: Најпрво се подготвува кремот бидејќи треба да се излади пред да се додаде во десертот. Во сад изматете ги јајцата со половина шеќер додека да станат бледи и меки како памук. Отприлика ги матам 5 минути. Потоа ставете ги настрана.




Во тенџере ставете го млекото, остатокот од шеќерот, екстрактот од ванила и оставете да зоврие на средна температура. Додајте го гризот и мешајте постојано додека кремот да се згусне како пудинг.




Тргнете од оган и ставете го ладниот путер исечкан на парчиња, па промешајте додека да се растопи. Префрлете го кремот во сад и оставете го да се излади 15 минути. Нежно инкорпорирајте лажица по лажица кремот со мешавината од јајца додека да добиете фин и мек крем.




Исечете ги корите на половина, преклопете ги и исечете ги уште еднаш. Отприлика треба да се добие едно мало правоаголниче кој ќе се пече во калап за мафини. Според големината на корите, исечете ги според видеото подолу. Подмачкајте го калапот за печење со растопен путер, па додајте тенка кора која треба да ја намастите со растопен путер.




Повторете го овој чекор 3 пати. Значи, имате три тенки кори со путер. Потоа додавате 2 лажици од кремот и го покривате со остатоците од корите кои излегуваат од калапчето.

Не заборавајте да подмачкате со растопен путер секој пат кога ќе преклопите со кора. Повторете ја постапката за сите калапчиња. Печете во претходно загреана рерна на 175 степени, околу 20-тина минути.

Подготовка на шербетот: Ставете ги сите состојки во тенџере и оставете да зоврие на средна температура . Тргнете од оган и оставете сирупот целосно да се излади. Прелијте го изладениот сируп врз печените пити и оставете ги да го впијат и изладат на собна температура околу 5-6 часа.

Подготовка на преливот: Во тенџере прелијте 200 мл млеко, па додајте 25 г шеќер и оставете да зоврие на среден оган. Во посебен сад додајте ги жолчките, остатокот од шеќерот и изматете.

Додајте го пченкарниот скроб, екстрактот од ванила и остатокот од млекото и добро изматете. Истурете ја смесата во тенџерето и матете додека да се згусне. Кога ќе добие конзистентност на пудинг, тргнете од рингла и додајте го ладниот путер, па промешајте додека да се растопи. Префрлете го преливот во сад, покријте го со пластична фолија и оставете го да се излади.

Печените пити превртете ги во сад, а потоа од горната, рамна страна декорирајте со преливот. Преливот може да го ставите во кујнски шприц за полесно нанесување, но тоа може да го направите со лажичка. По желба, наросете со цимет. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.