Пуканките се сметаат за најпопуларните грицки насекаде во светот, но малкумина знаат дека тие се најздравите грицки. Тоа е така поради повеќе причини, а главната причина е нивниот состав кој претставува богат извор на хранливи материи.

Секако доколку пуканките ги правите со многу масло, тоа ги прави ште-тни, а додавањето на премногу сол може да биде опа-сно за видот и целокупното здравје.  Пуканките, во суштина претставуваат пченкарни зрна кои имаат специфично својство според кое пукаат и го шират волуменот, во присуство на зголемени температури.




Причина за ова својство е присуството на т.н. ,,пакувана” вода во средината на зрното, која кога е изложена на високи температури, се шири и создава ,,екс-плозија” или пукање кое ние го гледаме. Пуканките се јаделе уште многу одамна, а низ времето добиваат на популарност пред сè поради ниската цена.




Покрај тоа, важно е да се образложи дека тие се подготвуваат со цело зрно, односно од нив не се вади лушпата која содржи голем број на хранливи својства. Во лушпата има витамин Б (1, 2 и 6), железо, фосфор, магнезиум, калиум, цинк, манган, бакар…




Се сметаат за нискокалорична храна, па затоа може да ги јадете постојано додека сте на диета. Покрај тоа пуканките содржат голем број на растителни влакна, и помагаат во намалување на хроничното воспаление и се погодни за оние кои имаат дијабетес тип 2.




Наш совет е пуканките да ги подготвувате со мала содржина на сол и малку маслиново масло. По подготовката, како зачини може да додадете различни билни тревки, цимет, а како здрави преливи може да користите топено темно чоколадо и путер од кикирики, доколку ги сакате во слатка варијанта.




За пуканките да бидат уште поздрави може да додадете и нутритивен квасец кој ќе ги направи покремасти, но исто така тој содржи и значајни хранливи состојки како протеини, ратителни влакна, B витамини и минерали.




Ви откриваме уште еден малку познат трик за меки и сочни пуканки. Ако сакате совршени пуканки, дури и подобри од оние што ги продаваат во кино салите, мора да го пробате овој трик.




Исто така, мора да знаете дека од лошо испукани пуканки најмногу стра-даат забите, бидејќи статистички, најголем процент на скршени заби се пријавени поради јадење на пуканки.




За да приготвите совршено испукани пуканки, потребно е да направите една работа пред нивното пржење. Овој трик нема секој да ви го открие. Имено, потребно е да ги потопите во вода околу 10 минути.




Потоа да ги исушите и најпосле да ги испукате во соодвете сад за тоа, или во тенџере кое задржува рамномерно температура со додавање на 1 супена лажица масло. Благодарение на овој трик, пуканките ќе бидат попуфкасти за разлика од оние кои не сте ги потопиле во вода.




Уште нешто што треба да го знаете, доколку не ги потопувате во вода, во тенџерето ставете ладно масло заедно со зрната. Повеќето грешат бидејќи ги ставаат во веќе загреано масло.