Овој рецепт ни доаѓа од Бригита Хусиќ и се надеваме дека ќе ве воодушеви како со вкусот, така и со едноставноста на неговата подготовка. За неговото приготвување нема да извалкате многу садови, а нема да вклучите ниту миксер, ни рерна.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г лешников, чоколаден намаз (нутела или некој друг), 500 г свежо несолено крем сирење (маскарпоне или какво имате), 100 г путер, 100 г кокос, 160 г петит кекси, 2 зрели банани или повеќе, 40 г кокос за наросување.
ПОСТАПКА: нутелата или некој друг чоколаден намаз ставете го во еден сад и промешајте го. Потоа додајте го младото, несолено свежо сирење какво имате, 100 г кокосово брашно и 100 г путер омекнат на собна температура.
Едноставно земете една лажица и убаво промешајте ги состојките додека рамномерно да се изедначат и да добиете компактна хомогена смеса. На крај треба да добиете еден преубав, мазен, кремаст и многу вкусен фил.
Земете еден калап со димензии 22х22 см или слична големина, па обложете го со хартија за печење на дното и страните. Истото можете да го направите и со проѕирна фолија (како повеќе ви одговара, за да можете полесно да го извадите колачот).
Доколку калапот има мобилен обрач кој се вади, тогаш обложување на страните не е потребно. Исто така, можете да користите калап со димензии 22х24 см, 22х26 см. На дното наредете кекси кратко натопувани во млеко.
Петит кексите наредете ги во два реда, по 12, што значи вкупно 24 бисквити за оваа димензија на калап (околу 200 г). Врз кексите рамномерно распоредете 3-4 полни супени лажици од филот.
Премачкајте и рамномерно израмнете. Две зрели банани исечете ги на тркалца, па наредете ги така да се пополни целата површина. Доколку е потребно, употребете повеќе банани.
Парчињата банана притиснете ги малку со лажица одозгора за да пропаднат до кексите. на овој начин подоцна кога ќе се сече колачот, нема да се движат и да испаѓаат од парчињата.
Одозгора нанесете го остатокот од филот. Кој сака, во филот може да додаде малку рум. Потоа премачкајте го убаво за да се распореди рамномерно и да се пополнат сите празнини. Малку протресете го и потчикнете го калапот.
Одозгора наросете со кокосово брашно или чоколадна глазура или чоколаден ганаш, па колачот оставете го во фрижидер најмалку 3-4 часа за да се стегне, или преку цела ноќ. Ако се брзате, оставете го во замрзнувач еден час. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.