Home Билкарство АКО ГО ВИДИТЕ ОВОЈ ПЛЕВЕЛ ВО ДВОР, НИКАКО НЕ КОРНЕТЕ ГО: Незаменлив...

АКО ГО ВИДИТЕ ОВОЈ ПЛЕВЕЛ ВО ДВОР, НИКАКО НЕ КОРНЕТЕ ГО: Незаменлив лек за бројни болести

толчник, тушт

Тушт или толчница (Portulaca oleracea) како што многумина го знаат, а најраспространета плевелна билка во светот, која има налегнати црвенкасти стебленца и дебели, меснати листови.

Се користи како зеленчук во прехрамбени цели, а се приготвува како и секоја друга салата.

Исто така, толчницата се користи како лек, уште од древни времиња, поради сите драгоцени нутриенти кои ги содржи.

Толчницата има способност да ја прочистува кpвта, да го јакне имунитетот, но и да ги отстранува дигестивните тегоби.

Содржи омега-3 и голема количина на антиоксиданти кои делуваат против дејството на слободните радикали, па на тој начин спречуваат многу здравствени заболувања и болести на срцето.

Изобилува со калциум и магнезиум, па на тој начин ги е лиминира грчевите во мускулите и штити од остеопороза.

Толчницата има и противвоспалителни својства, ја подобрува циркулацијата и спречува создавање на тромби.

Туштот може да помогне во регулирање на нивото на холестерол во кpвта. Бидејќи ја релаксира мазната мускулатура, делува и врз намалување на кpвниот притисок.

Слузта од оваа билка ги смирува инфекциите и воспаленијата во цревата, како и инфекциите во уринарниот тракт.

Се препорачува против ждригавица, гастритис, но и кај опстипација. Во исхраната се користат млади сочни листови и млади гранчиња со должина од три до пет центиметри.

Набраните гранчиња треба да се одвојат од тврдите стебленца и ливчињата да се додаваат во салати, супи, варива или во тесто за палачинки.

Се вари најдолго до 15 минути и притоа ослободува слуз која малку ги згуснува супите и им дава кремаст изглед.

Погоден е за киселење. Ова е рецепт на Марина Лучан за подготвување на зимница од толчница: „Од толчницата се отстрануваат дебелите стебленца, се мие и се остава добро да се исцеди.

Потоа се реди во тегли, се притиска што повеќе да собере, па му се додава копар и црн пипер во зрно.

Се зоврива вода, оцет и сол (количини ставете кој како сака, според вкус), па со врелата течност дополнувајте ги тегличките. Добро затворајте ги и пастеризирајте ги во рерна околу 30 минути.

Толчницата не би требало да се конcyмира во големи количини, бидејќи содржи оксална киселина која ги оптеретува бубрезите.

Оваа билка расте обилно како плевел во градините и како самоника билка покрај реки, потоци, канали и покрај шуми. Сака сончево тло и песоклива, добро дренирана почва.

Отпорен е на високи и ниски температури, на суша, а успева и на многу лоша земја. Многу брзо расте и веќе после три до четири седмици може да се бере. Колку повеќе го берете, толку повеќе се згуснува и расте.

За да приготвите чај, една лажичка толчник ставете во шолја зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете.

Ако го пиете за болести на белите дробови, тогаш засладете го со мед, а во други случаи се пие незасладен.

толчник, тушт
толчник, тушт