Кога жената ќе влезе во своите 40-ти години, хормоналните промени се неизбежни, метаболизмот нагло се забавува и сето тоа може да се рефлектира во килогpамите. Едноставните животни промени во овој период ќе ви значат многу, а сè повеќе станувате свесни колку многу е важно да „работите“ врз сопственото здравје.




Со возраста доаѓа она од што многу жени се плашат, а тоа е стаpеењето. Проблемите се јавуваат кога жената почнува да забележува промена на лицето и кожата на рацете, но сепак, 40-тите години носат многу добри работи што не сте ги знаеле порано.




Има помалку забавни делови во секоја возраст, но и покрај искуството, жените треба да бидат благодарни за сè што научиле во животот и да живеат во радост во овие години.

Можете сами да се забавувате

Кога имавте 20 години, можеби ви пречеше кога ќе дознаевте дека некој вечерта се забавувал во добро друштво, или дека некој бил во друга земја на прошетка, а вие сте морале да останете дома.




Кога сте во 40-тите години, повеќе не го споредувате својот живот со животот на другите. На 40 години, подобро си поминувате сами и го цените времето што го посветувате себеси.

Се ставате себеси на прво место

Јасно разбирате дека физичкото здравје, стабилната психолошка состојба и внатрешното чувство на среќа со возраста треба да бидат на прво место. Не се работи за себичност. Ова е мудар став. Децата и сопругот не можат да бидат среќни, работните обврски не можат успешно да се завршат ако сопругата е пcихолошки незадоволна од самата себе.




Неуспехот е нормален дел од животот

Во младоста, најмалиот неуспех се доживува како универзална ката.cтpофа. Порано се грижевте доколку пад.невте на некој испит или се расправавте со вашиот пријател. Во 40-тите години, ваквите пропусти изгледаат непотребно загрижувачки, а сега се смеете на таквите постапки.




Во овие години, сфаќате дека мирот ви е најважен и не дозволувате никој околу вас да го нару.ши. Годините ви даваат голема сила да ги надминете повеќето проблеми и само да продолжите понатаму.




Ништо добро не се случува после 2 часот наутро

Во младоста, ви се чинеше дека не смеете да ја напуштите забавата во нејзин полн ек. На 40 години, жената е доволно мудра да сфати дека најдобриот начин да ја завршите забавата во вечерните часови е да си заминете во пристојно време. Колку е прекрасно да се разбудите наутро со релативно чиста глава, одморена и свежа и да го искористите денот колку што можете повеќе.




Не секое искуство е корисно

Ако младоста помине под мотото „Секое искуство е корисно и нè учи на нешто“, тогаш 40-годишната жена сфаќа дека тоа е најлошата глyпост што некогаш била помислена. Таа знае дека одредени искуства лошо завршиле кај нејзините пријатели.

На пример, сите имаат некој добар пријател кој си го yниш.тил животот поради ал-кохол или му пропаднал бракот поради несериозност. Годините ве наведуваат да мислите дека некои работи е подобро никогаш да не ги направите или пробате.




Губењето тежина нема автоматски да донесе среќа

Прекумерната тежина, сивата коса, брчките и темните кругови ве дефинираат токму вистинската вас. Се разбира, би било убаво да се има помалку од сето ова. Но, нема потреба да се грижите за имагинарните недостатоци во изгледот. Обратете посебно внимание на здравјето, што ќе ви донесе многу поголеми придобивки.




Свесни сте за среќата на вашите деца

На возраст од 40 години, една жена ќе види дека децата се веќе возрасни и дека ќе треба да ја напуштат куќата за неколку години. Не треба да се разочарувате при помислата на овој неизбежен процес.

Бидете среќни за тоа дека прекрасно сте ги воспитале вашите деца и дека секогаш ќе бидете нивна мајка. Отсега натаму, ќе имате повеќе време да се посветите на себе, на вашиот сопруг и на работите што сте ги запоставиле додека целото свое внимание го имавте посветено на вашите деца.




Станувате поотпорни и независни

Некогаш ви беше потребна поддршка и одобрување за сите ваши идеи и постапки. Што и да мислеа луѓето за вас, вашиот брак, вашата работа, вашата коса, вашата куќа, вашиот автомобил и други ситници, тоа честопати влијаеше врз вас.

Но, вашата нова верзија во четириесеттите години едноставно не се грижи за мислењето на другите. Вие одлучувате и се справувате со вашите одлуки. Ако на другите не им се допаѓа, не ви е важно, бидејќи конечно сте поставиле приоритети во вашиот живот и вие сте на првото место.

Разбирате кои се вистинските вредности

Децата и мажот, семејството, здравјето, тоа е она што е важно и вие го разбирате тоа. По четириесет години, почнувате да им кажувате на другите да не бидат материјалисти и површни, бидејќи сте стигнале до точка каде што самите сте го сфатиле тоа.

Ги цените сите вообичаени моменти и ситници што ги добивате секој ден. Престанувате да губите време на непотребни работи и свесни сте за вистинските вредности што ги имате. 40-тите години носат промени кои ви одговараат исклучиво вам.