Ова е најдобриот рецепт за крофни, а најдолу во текстот ќе прочитате неколку трикчиња и совети како секогаш да ви успеваат крофните.

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 2 цели јајца и 2 жолчки
  • ½ шолја шеќер
  • 1 рамна лажичка сол
  • 2 ванилин шеќер
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • малку рендана кора од лимон
  • 1 лажичка ракија
  • 100 мл масло
  • 500 мл млеко
  • 1 коцка свеж квасец

Постапка:

1.Во еден сад загрејте 100 мл млеко (не смее да биде прежешко), додадете 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно, промешајте и додадете свеж квасец. Оставете да се активира.

2.јајцата изматете ги со шеќерот и лажичка сол додека да добиете пенеста смеса, потоа додадете ја во топло брашно (како ќе го стоплите ќе прочитате на крајот од текстот), помешано со прашок за печиво. Додадете топло масло, лажичка ракија, промешајте и додадете квасец и на крај топло млеко (преостанатите 400 мл).

3.Добиената смеса оставете ја на топло додека да се удвои, потоа префрлете на побрашнета површина и развијте кора со дебелина од 1 см. Со тркалезен калап (чаша) вадете обици, па кога ќе ја искористите целата смеса, оставете добиените облици да се дигнат. Потоа свртете ги на другата страна и од страна да се дигнат.

4.Лонецот наполнете го со масло и загрејте (маслото треба да биде врело, но не прегреано, ако е такво ќе забележите создавање на меурчиња). Крофните сега ставајте во загреаното масло и внимавајте првата страна која се дигаше да биде свртена кон горе.

Намалете го огнот и поклопете со капак, а по 20-секунди подигнете го капакот и свртете ја крофната на другата страна да се пржи, но без покривање. На овој начин на крофните се создава бела црта по средината.

5.Со шприц полнете ги со крем или џем, откако ќе ги наредите на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

СОВЕТ:

1.Половина кесичка прашок за печиво е важно да се додадете, бидејќи тоа спречува да се појават дупчиња во крофните.

2.Лажичка ракија се додава во смесата за да се спречи впивање на масло, но исто така и температурата треба да се подеси да биде поволна. Кога ги ставате крофните да се пржат, внимавајте да не преполнувате бидејќи ќе опадне температурата на маслото, а крофните тогаш впиваат повеќе маснотија.

3.За да ви успеат крофните важно е состојките да бидат топли, па така брашното пред да го замесите ставете во малку во рерна да се загрее.